НЕ! Тоа си е бројот на картичката, ти треба да и го кажеш бројот на твојата трансакциска сметка односно acc. no.
Да тој број account number, или нека отиде во банката од која што ти е извадена картичката и со име и презиме и адреса или матичен број на сопственикот на картичката може да се префрлат пари. Дури ни тој број не ти треба. Како сакаш.
Дали мора да си пријавен во завод за да може да се вработиш во државна администрација? (Не прашувам зошто ми се смее државна работа, туку си прашувам онака, чисто информативно зошто го промашив терминот за пријавување во завод и сега ме избришаа )
Тоа го знам, ми го кажаа ама ме интересира тоа што сум избришана како и дали ќе ми се одрази на некое (евентуално) вработување. Знам дека за приватен сектор нема проблем, е сега не знам за државна работа дали може да кочи
Повелеле http://www.one.mk/promocii-detalna/items/Неделен-пакет-за-разговор-при-пејд.html (претпоставувам ова е)
Може ли некој да ми ја објасни разликата помеѓу Kindle и таблет? Знам дека Киндлот е за читање книги, ама нели па и таблет може да се користи за тоа? И Киндл ли е само за книги, нема апликации и слично? И јас сакам да земам нешто да можам да читам од тоа, што би било подобра варијанта? Белки ме разбирате
Сакам да прашам дали е можно да најдам акрилни бои во книжарници на пример ,или смешно е да прашувам таква работа?! Инаку за цртање на нокти ми требаат.
да има таму побарај или пак има и во џамбо без разлика за што ти се и мајка ми од џамбо ги зема ама последно нарача од ebuy па пиши што си одлучила/напраила
Хмм..Водна змија? Се до овој момент бев убедена дека тие воопшто не закачаат а камоли да те каснат. Ама ништо, без паничење, може само да отече местото каде што е касната,бидејќи тие не спаѓаат во отровни змии, исто како да е касната од пчела.. Нека си става лед малку на отокот ако воопшто оток и се појави..
Според мене за палачинки оди си во „ПАЛМА“ во Аеродром имам јадено нутела и овошна ептен се добри, плус тоа големи се и последен пат кога јадев беа некаде по 130-40ден. За цената не ме земај баш здраво за готово
Сакам да прашам дали на универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, дали на секој факултет првите 10 добиваат стипендија .. јас прашувам стрикно за машински ,и дали по смерови оди тоа или на севокупнте уписи е стипендијата