Ајде малку помош ќе ве молам кој знае каде се наоѓа поточно оваа адреса Адреса Багдатска бр. 36а/5-9 (зад Кафе Ли) Скопје
Имам пишано во уште две теми ама бидејќи не добив одговор ќе прашам и овде.Знаете каде можам да најдам блузи со бендови како Арктик Манкис,Guns'n'Roses низ Скопјево?Доколку нема ќе си испринтам. Е сега уште едно прашање каде можам да си испринтам блуза и кај се наоѓа тоа во Скопјево?
Тоа ти е во населба Капиштец , или попозната како Млечен, во старите згради кај плоштадот Ако те интересира уште нешто пиши ми пп.
Девојки златари на рубин кармин освен онаа во Гтц, каде има на други локации? Барав ама не можам никако да најдам
Женски, кога се сликав за нов пасош ми дадоа едно ливче на кое се потпишав јас и жената што ми ги прими документите и се тоа. Е сега, утре ќе одам да си го земам ама ме интересира дали е задолжително ливчето да го носам или можам само со личната карта нели за идентификација, бидејќи ливчево ко во земја да пропадна, апсолутно никаде не можам да го најдам. Фала.
Ме интересира каде да ги најдам овие работи по поволна цена 1. Големо огледало (колку пола ѕид) 2. Канцалариска столица 3. Тапети 4. Обична столица но од тие модерните Кој знае нека пише колку се движат цените на овие работи и ако некаде сте виделе поефтини варијанти
Кога ја пронајдов сабајле неможеше да стои на нозе , некако ја наткренавме , ја однесовме на ветеринар и заедно успеавме , ова мало суштество преживеа и затоа го доби името Живка. Стара е три месеци . Ве молам доколку некој има двор и можност Да ја чува барем десет дена додека се опорави нека ми пише лп . Јас ќе и купам и храна и се Што е потребно само некој да се согласи да и помогне зошто јас сум студент и немам можност да Ја Чувам во мојот стан .. ве молам помогнете и на оваа мала Душа
Прво да кажам да свесна сум колку е глупаво прашањево,но ајде.. Дали знаете каде можам да најдам вакви „шишенца“ (да ги наречам) оваа форма и од прилика големина и по можност пластични да се. Од било што да се кажете не знам вакви апчиња дали има да најдам ако знаете други алтернативи за такво шишенце ве молам кажете ми.
Прашај во аптека. Мислам дека даваат такви празни шишенца, стерилизирани нели за да можеш да префрлаш било што во нив, или евентуално провери во Џамбото.