Во Скопје, на булевар Св.Климент, веднаш до Кинг Бургер има продавница за ориентална облека и асесоари.Има прекрасни и многу оригинални парчиња.Меѓу другото и автентично сари во повеќе варијанти. Веројатно ова не е вистинската опција, зошто тебе ти треба само за маскембал.... Ама, ете јас да си кажам каде има
^Зависи што ќе правите. Се издава во Општината прво Одобрение за градба за кое се плаќа од 3000-6000денари. За да се добие Одобрението се доставува Основниот или пак Анекс проектот за градба (кој ако го немате за да Ви го направи архитект/планерско друштво исто така чини пари) и на крајот се плаќа исто одредена сума на пари, не сум сигурна за што, за некои административни трошоци, беше некаде околу 6000-8000 денари (60% за Град Скопје, 40% за Општината на чија територија ќе се гради објектот). Инаку комуналиите се плаќаат вака: на територија на Општина Центар еден метар квадратен комуналии изнесува 120 евра, додека за поткровје цената изнесува 12 евра. За останатите општини е 100 евра со 10 евра. Само, мора да се знае што се предвидува според Деталниот урбанистички план. Доколку има предвидено колективно домување со деловен простор или пак ако е само деловен простор, комуналиите за метар квадратен за деловен простор изнесуваат некаде околу 150 евра (мислам 146).
Да ве прашам дали кога те пријавуваат на договор за неопределено работно време, може да те пријават со пасош, зашто личната карта не ми е готова? Плис одговорете ако иамла накоја ваков пример, и што докуметни се потребни за да те пријават?
Парфимерија Еликсир нема во Бисер,ама скоро сите производи што ги има таму ги има и во парфимерија Рима,а во недела мислам дека не работат
Знае ли некој дали по продавнициве по Македонија ( по можност, конкретно Охрид ) се носи диетална Кока-Кола?
Порано се одеше со стаж, требаше да имаш 35 години работено. Но, сега се оди со старост, за жени е 62, за мажи 64 години.