Абе не а се трлааат душмански до гола кожа. Хеххх и оцетот гори. Море црна кога се фарбав и со вараќина ја чистев.
Бев нежна и си шетав една недела гребаници на челото.Ама можеби и до кожата зависи,што знам. А за варикинава,жено не си нормална
Пепелот се меша со крема и потоа со памукче се чисти,јас така најубаво ја вадам фарбата а се фарбам црно.Ако не е многу замачкано и влажни марамчиња вршат работа.
Се извнинувам што овде го поставувам прашањето но итно ми е. Има ли некоја феминка која е средно музичко училиште? Ако има ќе ја замолам да ми пише лп. Благодарам
Јас се чистам со пепел од цигари. На памук ставам прво од некој лосион кој со кој го чистам лицето или мицерална или обична вода може да заврши работа. После го валкам во пепелот и поминувам на кожата. До сега сум немала никакви иритации на кожата. Имам пробано со се и сешто, па и со сув памук и пепел ама не помага. Најубаво кога е влажен.
Не, нека не те лаже изгледот на чашка, термос си е. Не памтам колку го купив ама како за Џамбо - сигурно не било скапо. Мојот е во сјајна fuchsia боја со црно, најобичен. Многу ми е корисен и баш ми прави мерак, кафето секогаш ми е топло и си пијам од него, не пресипувам во чашка, за тоа му е и намената нели, да се „спасам“ од чашките кога сум во движење низ град.
Ми требаат личности кои сериозно го разбираат албанскиот или германскиот јазик и нивната литература. По детално да ми ги објаснат тие појави. Ако некој случајно се пронајде нека ми пишува лп. Фала од назад.
Абе луѓе,знае ли некој дали врне во Грчка? За Флогита или во близина прашувам,да знам дали да се пакувам Кој е информиран,нека каже побрзо што може.
Зависи каква, какви и се влакната, од која фирма е итн. Обично до 200 денари е најефтината, во Голден Роуз има убави, а сепак пристапни по цена.
Вадење фарба од лицето... Со пепел од испушена цигара се вади, на влажно марамче, крпче ќе ставиш и протриј. Чудно ама делува.
Провери си на гугл за временската прогноза. Па и да врне што има везе, пак е топличко сигурно, на дожд е најубаво да се бањаш, ич не се мисли
Има некоја користено од оние лепенките што се ставаат против повраќање? Како се викаат и имат ли ефект?
Пак јас со моите прашања. Епа луѓе ми падна нокт. Ова првпат ми се случува и страшно ми е, најреално. Сега нели, што ми падна еден дел, падна, но тој што остана како скапан е. И не знам дали да го исечам тоа скапаното, или не. И зошто ми падна да не знае некој. Можеби ви е глупо прашањето, но се` си беше океј, оддеднаш кога до допрев со косата почувствував и гледам се откачил.