Можеш да го насликаш па да постираш? Како тоа ти паднал нокт, ти се скршил само израснатиот нокт или како? Ако ти паднал нокт како да се откорнал ти ќе вриштиш сега од болка и нема да можеш да пишуваш на форум. Ако ти паднал само израснатиот дел, ништо страшно, ќе чекаш да ти порасне. Навистина чудно прашање, затоа ти побарав слика да ставиш, за да знаеме за што се работи.
Не ги прифаќа сликите. Не ми е паднат целиот, туку само тоа што е белото, или израснато, како го викате. Знам дека е чудно, и мене ми е чудно, не е скинато, туку само си падна делчето. А не беше ни претерано долг, онака, средина...
^^ Де бе, јас па помислив нешто страшно е и дека се работи за живот или смрт, а тебе ноктот ти се скршил. Па мене често ми се кршат ноктите, дали од недостаток на витамини, дали од хормонална нерамнотежа или едноставно сум го скршила, можеби после миење садови или перење, па омекнал и се скршил.
Ааа, па можно е од водата да е. Рацете ми се нон стоп у вода, ја па помислив којзнае каков витамин па сеа ми фали, а баш ги испитував. Фала на одговорот.
Ај некој кој знае да ми каже како и од каде да си извадам картичка за купување онлајн ( ебау, амазон, асос и сите слични страни). И за колку време ќе е готова. И дали се плаќа и колку. Не ми се смејте за прашањево, пред една недела прв пат сама влегов у банка за да си отворам трансакциона, пораснав! Бејби степс сум со банкиве.
^ Во банката каде што си отвори трансакциона, ќе си пополниш и барање за виза електрон. Не се наплаќа, ќе ти биде готова за 10тина дена.
Ќе одиш во Стопанска, ќе си земеш и пополниш барање за издавање картичка за онлајн купување, обавезно копија од лична карта и тоа е тоа. По една или две недели мислам би требало да е готова, ќе ти дадат и ЦД со неа. Всушност, еве ти корисен линк, ги имаш сите потребни информации. http://www.stb.com.mk/visa-internet-.nspx П.С. Не знам каде ти е трансакционата отворена, јас мојата картичка ја вадев од таму, а сметката ми беше во друга банка. Без проблем ми отворија и во СТБ.
Мишела а мора во Стопанска банка? Не може во Тутунска или Комерцијална или па друга? Фала ти многу инаку.
Битно е картичката да биде Виза. Мојата е извадена од поодамна и добив и трансакциска сметка со неа без проблем. Стопанска си ја спомнувам од навика можеби. Сигурно може да се извади и од таму, прашај си за некоја евентуална измена, но мислам дека сепак процедурата е иста за сите картици од ваков тип. За десет-петнаесет дена ќе си ја добиеш.
стегнав reset your pasvord и сакам да изберам text me a code to reset my passvord и што ќе се случи? на дел ке ми стигне лозинката или???
Девојки имам нокти(надградба на нокти). И време е да ги тргнам веќе преголеми ми се. Но дали може да ми кажете каде да ги направам поефтино да ставам само гел на мои нокти? За во Скопје прашувам
Да се надоврзам околу картичкиве за онлајн купување, затоа што сум иста како Анушка, појма немам како одат работиве. Јас ја имам онаа студентската на Тутунска, маестро картичка не може ли со неа да се прават порачки? Морам да имам виза електрон ?
Мислам дека мора да биде Виза електрон. Пробај дали ќе ти ја прифати таа картица што ја имаш, но не сум сигурна колку е соодветна за онлајн купување. Јас имам и една обична од УНИ банка, ама не ја користам за ваква работа за секој случај да не биде некоја беља. Нека каже некоја што повеќе се разбира во овие работи, да не сум грешка и јас случајно.
Зависи за која веб страна, за нашиве ќе ти прифатат секоја на тутунска, комерцијална... Да не знате дали Базаро работи денес и до колку во Карпош 4
Каде можам да најдам од оние колачињата што се во форма на глувче или имаат над нив глушец чоколаден? Имаше порано во една маалска слаткарница сега нема. Ми треба конкретно место каде што со сигурност сте виделе. Ви благодарам
Na svekormi kje mu stavame pola godina,obicaite Se poinakvi od makedonskite(Se razdava na grob pa posle Ima plateno jadenje vo crkvena trpezarija).Za na grob Treba da napravam blago,Kakvi kolachi Ili torta bi dolikuvalo da odnesam?
Viktorii4e, на гробишта не можеш да носиш торта или пак колачи со крем. Затоа најзгодно е да направиш или купиш ситни колачи кои што не се печат, на пример бомбички, бајадери и слично!