Зошто не може да носи? Мислиш дека не се носи или дека не е практично?Многупати сум видувала на гробишта од оние штангли колачи или некои полесни тортички,сепак тоа е индивидуално.
мислам дека нема да ти стигне на телефон ако го немаш внесено бројот на фејсбук ако правиме муабет за на него јас кога ке стегнам тука ми стига на Е-адресата
но е адресата која што ја внесов кога го направив фб не и функционира повеќе ми е блокирана. и сега каде да стегнам???
Дали е вистина дека е задолжително (со закон) еднаш годишно да се направи лабораториска проверка на крвта, а притоа трошокот да е на самиот пациент? (Муабет слушнат од колешка на мајка ми која докторот ја пратил во Авицена со тоа објаснување и каде жената од свој џеб си ја платила анализата- мене лично не ми се верува и мислам дека докторот си има договор со таа лабораторија и убаво ја истролал жената да и ги земе парите )
Каде во Скопје има добро место за играње билјард? Да биде пријатно да нема многу машки или гужва.. Нешто како сити мал само многу скапо е таму. Порано знам дека имаше нешто како play house кај железничка
Дали треба да се вади некоја потврда или шо да е дека сме студенти за да се возиме бесплатно со воз во четврток или можи само со индекс/студентска картичка?
Треба индекс и твоја лична карта. Потврда не треба. Јас прашав на железничка на шалтер и ова ми го кажа вработената.
Девојки со што вие ги бришете екраните на вашите лап топови ? Мојот е цел со отисоци од прсти па сакам да го избришам , ама не знам со што .
Со микрофибер крпа, мислам дека ги има во продавниците кои се бават со компјутерска опрема. Преубаво се чисти екранот без потреба од некакво средство.
Имам еден чуден проблем, имам убава фаца се додека не се насмеам мислам забите ми се во ред прави и чисти донекаде и устата е во ред иако ми е неподносливо танка и си ја мразам сепак не ми прави проблем но голем проблем ми е челото бидејки кога ќе се насмеам ми се ослободува некој мускул ми се опушта лицето и ми се спуштаат челото и веѓите надолу и изгледам многу грдо ко налутена / намрштена и сето тоа предизвикува лоша насмевка некој да не знае нешто?
Да не знае некој од кога точно започнуваат театриве низ Скопје со претстави? На соодветните страни не пишува ништо, нема точен датум од кога започнуваат.
Луѓенца, ми треба помош, итно. Пред пола саат паднав по скали. Значи лом се направив. И двете нозе ми крварат, и кај половината и левата рака исто. И цела се тресам, најверојатно од шок или не знам... Е сега, дома никој ништо не знае, а раните треба да ги исчистам. Со што да ги исчистам, гледајќи дека јодот и сите медицински помагала се во спалната на мајка ми. Можам ли со памук, тоалет или нз?
ДЕВОЈКИ,САКАМ ДА ПРАШАМ ДАЛИ НЕКОЈА ЗНАЕ ВО ВРСКА СО КУРСЕВИТЕ ПО МАНЕКЕНСТВО И ФОТОМОДЕЛСТВО ВО МАК МОДЕЛС, КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА ПОСЕТУВАШ КУРС И ШТО СЕ УЧИ НА ТОЈ КУРС, И ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПЛАЌААТ ПАРИ? КОЛКУ ОД ПРИЛИКА?