Дали се имате регистрирано на Movie Buzz,она за филмови гледање? Таму ги давале сите филмови,стари/нови/најнови на HD демек...сакам да гледам филмчиња од таму,демек хаде ова она...хм?
Утре треба да одам во Службен Весник да пријавам еден изгубен документ, е сега, знам дека треба да ми стигне потврда дека е објавен и таа потврда да ја однесам во институцијата за чиј документ се работи. Претпоставив потврдава стига нешо по пошта и слично, и ме интересира само една работа. На личната карта имам адреса на живеење, постојаната нели, меѓутоа никој од нас не живее таму, иако сеуште припаѓа на нас. Значи не ми се исплаќа да ми стигне таму, па да одам да си ја земам, па да се влечам назад до Скопје. Ме интересираше дали може да си кажам да ми ја пуштат на оваа адреса кај што сум сега?
Имам еден чуден проблем, имам убава фаца се додека не се насмеам мислам забите ми се во ред прави и чисти донекаде и устата е во ред иако ми е неподносливо танка и си ја мразам сепак не ми прави проблем но голем проблем ми е челото бидејки кога ќе се насмеам ми се ослободува некој мускул ми се опушта лицето и ми се спуштаат челото и веѓите надолу и изгледам многу грдо ко налутена / намрштена и сето тоа предизвикува лоша насмевка некој да не знае нешто?
Колку чини дигитално фотокопирање на слики од УСБ, во нормален формат ко порано сликите што се вадеа 12х9 ?
Одма ќе ти ја дадат потврдата, нема ништо да ти испраќаат по пошта. Мене барем одма ми дадоа една потврда испечатена со печат на неа и таа ја однесов, се беше во ред.
Ај пратете ми лп линк од фејсбук страни како ,,модерна девојка" што е, кај што се нарачува од интернет
Дали овие што се рекламираат по фејсбук дека продаваат накит, гардероба и слично мора да имаат регистрирано фирма? И доколку немаат дали може кривично да одговараат? Зборам за оние што нарачуваат од интернет ситници, дрангулии, накит и слично, а не за оние кои си постојат и како физички продавници.
Може.Имам познаничка која заработуваше на овој начин.Мораше да регистрира фирма за да продолжи да работи според законските прописи.
Не го поставив прашањето во темата ,,Инстаграм'' бидејќи не е многу активна, па тука прашувам, ама не верувам дека ќе добијам некаков одговор пошто сите што ги прашав немаа појма. Многу пати на сликите на Инстаграм во описот го имам сретнато тоа tb, што значи?
Дечки сакам да напрам ваква слика (колаж) наместо 19 сакам 30 и нормално да клам мој слики..Да не знате страна каде да напрам ?
Tb значи throw back, односно постирање стари слики. Го има и во верзија tbt (throw back thursday),кога се постираат сликиве во четврток
Не ми е за тука прашањето, но не знам во која тема да го ставам. Каков е тој факултет Финки? Слушнав дека едно девојче таму се запишало, а непознато ми е...
Финки е факултет за информатички науки и за компјутерско инжинерство. Еве ти повеќе информации http://www.finki.ukim.mk/mk/home