Малку глупаво прашање ама за другарка е Во која од спортскиве продавници адидас најк во скопје, кога ке купиш роба ти даваат хартиена кеса со лого? За кесата е работата
девојки, ме боли вратот и грбот (во пределот на рамениците) колку пари е на масажа да одам? и кое место за масажа добра би ми препорачале....
За испитување на хормони ми е, се надевам дека дента ќе бидат готови да не се моткам натаму пак друг ден, некако мн ми изгледа до 2 саат, знам дека крв се зима порано до определено време.. нели не треба да имаш јадено.. за тоа ме интересираше до колку часот зимаат крв за да знам како располагам со времето, да се организирам :/
Барав во темата „Дом“ ама не најдов, па тука би прашала. Барам кревет ама малку поголем од класичен, а помал од брачен, и да не е во изглед на брачен, туку со железо?? Или познавате некој да изработува, па ти само душек да си сместиш?
Мене ми земаа крв во Државна, и мислам дека земаат до 3-4 попладне, знам дека јас отидов тоа време, покасно. И за резултати ми кажаа - следниот ден после 13 часот.
Кревети со железо продаваат на Бит пазар кај автобуската станица, погоре од универзитетот. На самата станица се наога продавницата, продаваат завеси внатре. Преубави се.
Веро Центар работи до 22.А, останатите маркети до 15 или 16 часот. Ама, претпоставувам на Веро Центар мислеше....
Синоќа сум си ги исфлекала кремастите салонки со нешто црно, и сега никако не се чисти. Со што да пробам да го исчистам, ама да не избледи и бојата многу е нежна
Едно убер глупо прашање! Дали за лична карта мора да се закажува сега кога е кнап до последен рок? Не ми е де прироитет у животов и пасош врши работа,се свестам секој ден и викам утре и забораам! Во рок од половина час ако ми одговори некој,супер. Ај па ќе ви раскажувам како сум поминала!