Да го дополнам одговорот Барањето за месечна или за бесплатното возење во четврток може да се земе од билетара, а може и да се испринта од странава: http://www.jsp.com.mk/dokumenti.aspx?kat=3 Спојлер Образец - Барање за бесплатен превоз за Студенти (за бесплатното возење во четврток) Образец - Барање за издавање на ученички - студентски билет (за месечна) Барањето се пополнува и се носи на студентски со само 1 слика. Потоа барањето и сликата се носат на билетара, се плаќа 1.130 (ако вадиш прв пат, додека за секој нареден месец е 1.050) и на лице место ти ја даваат месечната
Пробај вака: кликни на некоја слика што сакаш да ја ставиш на cover и има опција горе десно use as my cover image
Девојки, ај ве молам помогнете ми како да извадам мастика на палтото ми се залепила? Кој знае нека пише итно ми е ....
Местото каде што е залепена мастиката триј го со коцка мраз ,ќе почне да се чисти и нема да имаш никаква трага од мастика
со весник, ама не тие од списанија, туку весник, ВЕСНИК како што се Вест, Дневник... по 5 или 10 денари не знам како одат.. и со весник над мастиката и со пегла над него.. мастиката ќе остани на весникот
Дечки сакам да Ве прашам да ми кажете жена гинеколог, но не во овие големиве како што се Промедика.. туку прегледот да биде најмногу до 500ден. Ви благодарам.
можеш да го замениш во рок од 15 дена откако си го купила.А гаранцијата е за ако ти се расипе производот само. овде ги имаш правата http://forum.femina.mk/pravni-soveti/prava-na-potrosuvacite-t21778/
Луѓе цела ден се мачам да симнам Word i Powerpoint Што се не симнав и на се ми бара пасворд,клуч,шифри.... аман може ли некој да ми каже како да си го решам проблемот ми треба итно
Мислам дека не можеш да симнеш, бидејќи се плаќа мора како програм да најдеш некој што ќе ти го инсталира во компјутерот. Мислам, може и беспари ако најдеш некој што има и се разбира од такви работи и може да ти ја направи таа услуга. Јас колку што знам од интернет не може, и јас сум пробувала...
Може мора да може само треба некој вистински човек да ми помогне. Не е можно да нема слободно спуштање и инсталирање затоа што претходно имав нон стоп и инсталирав но сега ми е форматиран компјутерот и неам ништо
Епа не знам мила, прашај некој што се разбира... Или ако сакаш ќе го прашам мојот професор по информатика и ќе ти кажам.
Пробај од торентов да го симнеш https://kickass.to/microsoft-office-201 ... 54355.html Aко ти бара Product Key,пробај некои од листава http://cdkey.kvalitne.cz/2013/10/Micros ... -Plus.html Good Luck