Која феминка вчера имаше поставено прашање за црн лабрадор ретривер дека сака да купи? Го избришале прашањето, нека ми пише мене ЛП, јас најдов куче случајно.
Кога се најавувам на е-дневникот ова ми излегува ---Овој корисник е заклучен и не може да се најави --- .. Што може да е работата ???
Ќе може да се симнуваат серии, музика и сл од интернет следниов месец? Нема замешано прсти СОПА или-како-и-да-е?
Ве молам набројте ми некои ликовни уметници од периодот на ренесансата освен Да Винчи и Микеланџело. Ама некои по познати така
Донатело, Сандро Ботичели, Рафаел, Ел Греко, Антонио Алегри, Тицијан, Албрехт Дурер... Овие ти се некои попознати, се надевам дека ти се доволни.
Ми треба превод од англиски на македонски од дипломиран преведувач , се работи за малку покомплексна тема од областа на медицината. Ве молам контактирајте ме по ЛП. Фала
Мислам дека читав некаде дека од први март ќе биде казниво симнувањето на филмови и сл., па ме интересира дали е ова точно или да продолжам да си симнувам како и до сега ?
Ух не ми се верува дека ќе казнуваат, за Шведска знам дека самата држава почна со рестрикции со тоа што забрани симнувања и блокираше такви сајтови. А муабетот беше дека од март еден месец за Акта никој да не спушта ништо, како протест. А за спуштање во МКД незнам.. не ми се верува..
Знаете ли каде можам да јадам сребрен спреј за коса? Ми треба за една приредба на децава, треба да бидат со сребрени коси. Ако ставам светки, нема да можам да ги извадам, па спреј ми личи попаметно решение, а може и да има нешто што не знам.