За лиценца незнам, ама сертификат можеш преку сите оние компании и фирми кои даваат курсеви по сметковоство или слично. Со тој сертификат можеш да покажеш дека си посетувала курс и дека си овластена по истата метода
До корсниците на Blizoo а и оние што се повеќе информирани сакам да ве прашам нешто доколку знаете да ми кажете Значи го користеме нивниот пакет со телевизија и интернет и ни е на неодредено време сега од една адреса сакаме да го прместиме на друга т.е ќе се селиме. Ни кажаа дека селењето се плаќало,знаете ли колку се плаќа тоа ? Ни кажаа дека ако го поставиме на 2 години можело да не платиме ништо но затоа што не знаеме колку долго ќе можеме да го користеме најдобро ни е да ни биде на неограничен период.
Можеби мислат на самата инсталација, зошто ќе треба да дојдат и пак да ви поврзуваат и пуштаат кабли, а тоа чини не повеќе од 200 денари. Но јас кога правев договор, го пратив тоа еднократно, т.е само во следната сметка и толку. Прашај си најубаво на што конкретно мислат
Малку глупаво прашање, ама дали уште се носат балетанки? Времето е топло, и никако не ми е за со чизми, а есенски чевлички немам купено.
Можеш да се преместиш во друг клас доколку директорот на училиштето има добра волја за тоа.Твоите родители треба да се обратат кај него.
Незнам дали е соодветно прашањево тука, но да ве прашам... Дали вие што сте невработени и пријавени во АВРМ ви стигна порака денес за задолжително присуство утре во Борис Трајковски на Саемот за вработување во 14 часот?
И на другар ми сеа му стигнала порака дека треба да иде утре на саем за вработување,така да изгледа кај сите што се пријавени во АВРМ им стига тоа .
Искрено незз, мене ме зачуди што имаше наведно точно 14 часот па затоа прашав. И тебе ти ја пратија истата порака со точно време или?
И мене пред малку ми стигна истата порака , со точно наведено време т.е 14 часот ! А проблемот е што неможам да отидам .
И на мајка ми и стигна порака од АВРМ за саемот на работодавачи, а нема да може да отиде. Дали знаете што ќе се случи, дали можеби ќе биде избришана од заводот или ќе се води некава евиденција за присуство?
Како гласи пораката? Морате да дојдете во толку часот на тоа место или Ве известуваме дека во толку часот ке се одржи тоа и тоа? Претпоставувале дека во работен ден лицата кои се пријавени како невработени можат да отидат и да видат каде би можеле да се вработат. Ако се работи за болест, тогаш веројатно ако е проблем неодењето, може со белешка од доктор да се оправда. Колку што сфатив јас преку социјалниве мрежи, работодавачите ке кажат што вработени им фалат, а оние кои ги исполниуваат условите одат на штандот и пополнуваат апликација.
На 14.10.2014 година, во 14 часот во салата на Б.Т ве покануваме да учествувате на првиот саем за вработување каде можете да се претставите пред голем број на работодавачи и да оставите свое CV.Присуството е задолжително. Вака гласи пораката
Тогаш мора да се оди Тоа би дошло како покана за вработување, а одбиена од барателот за работа. Не знам како беше тоа кога ти нудат работа, а ја одбиваш дека не сакаш да работиш...не знам, може сметаат дека е нудење на работа ова. А и според огромните најави, мислам дека ке има вработувања во приватните фирми после саемот. Не најдов на веб образложение зошто е задолжително, може во апликацијата што ја пополнува невработенит да штиклирал дека ке доаѓа на вакви настани. Јас кога бев невработена, знам дека вакви работи немаше, само за здравственото се пријавував и одев секој месец да се пријавам. Ѕвонете утре на телефоните на аврм.