Да не знае некој како да извадам циркони од холахопки...значи залепени се цврсто со рака не излегуваат,друг начин незнам
Како знаете кој ви е датум на врската? Прво излегување, прв секс, прв бакнеж, прво шетање за рака... Јас немам датум, се ми се случи во текот на 3-4 месеци, и датум немаме. Затоа не се трошам финансиски кога ке дојде некој датум. Побитни се деновите помеѓу датумите. Затоа, на твое место, ќе се однесувам како и секој ден - ќе ги сакам. А со купување нешто, не се покажува љубов. И нема машки и женски правила во врската. Двајцата треба исто да даваат, и емоционално и финансиски.
Мислев дека само јас немам официјален ден....уживав со се дури и датите не ги паметам Уживајте како секој ден да ви е годишнина,подарувајте без причина и од срце.
Девојки планирам да одам во хотелот Манастир во Берово,видов на нивната страна дека може да се закаже само незнам дали е тоа задолжително и плус ако закажеш а не отидеш плаќаш дел од сумата,некакви искуства од таму ?
http://www.hotelmanastir.com.mk/reservations.php А уствари ова е само ако сакаш со памсион инаку ако сакаш на прошетка немаш потреба од резервација за ресторанот.
Некој да даде предлог за фино местенце низ Скопје каде служат чај ама тоа да не биде класично чаша и кесичка чај внатре? Што било невообичаено и различно од она кое може дома да се спреми, ќе ценам како предлог. :geek:
Ја знаеш песната „Прошетај низ чаршија“ абе милина, разбра што сакав да кажам. Е сеа за фино местенце не гарантирам.
Девојки, има некоја што живее во Аеродром и секако добро го познава регионот ? Потребна ми е една информација, контактирајте ме !
„Ли„ кај Млечен, чајот ти го служат во фина шолја каде се наоѓа филтерчето и посебно метален чајник со врела вода за да си го потопиш сам, со тоа ти носат фино декорирано лимонче, мед и слично. Можеш да го пробаш и салепот одличен им е, со повеќе вкусови го има и со ептен штосни декорации. Брик Бар исто ти носат интересни чајници со мачиња Во Суперфлај имаа ептен инрересни садови за мед и дрвени лажички за со чајот ама штета го затворија... Низ чаршија исто од туркиот чај ако ти е мерак... А за леден чај Плеј во Сити Мол тој во бокалче со филтер што им е мммм Се јави чај манијакот
Е како не бе, рано било. Ние баш на почетокот секој месец си оддававме мало внимание, се додека не сфативме дека не е практично ни финансиски, ниту има нешто паметно да се купи секој месец, само дрангулии што ќе собираат некаде прашина или евентуално ќе се изедат. Сега си купуваме само за годишнини, но оваа годишнина бидејќи и двајцата не бевме нешто сјајни финансиски, решивме дека нема потреба, и само направив торта, убава порака и тоа беше тоа. Навистина обичен ден може да биде и попосебен, така да ни јас не се замарам, само што си памтиме датуми и ако ништо друго барем си разменуваме по некој збор околу тоа секој месец. И конкретно за девојката, ти си знаеш најдобро каков е партнерот, можеш мал знак на внимание но за поголеми работи веројатно и е рано за да го познаваш добро да му погодиш нешто и плус не е годишнина. Можеш на пример ако знаеш каков парфем или дездоранс користи да му купиш, барем тоа сигурно ќе му користи. И уз тоа можеш и некоја убава порака. Со среќа нека ви е. П.С. Чоколадо ми е малце детски, што знам... Без навреда Наушица.
:worrie Има маратон во трчање до Нова Градишка и назад до Македонија,исто и на гробот на Гумење во Крушево доаѓаат негови фанови од целиот свет му палат свеќи и оставаат подароци и цвеќиња,а и на вести на радио и телевизија ќе биде споманто за годишнината од неговото загинување.
Од маратонот вчера беа пречекани на плоштад маратонците, знам со сигурност затоа што и брат ми трчаше. А девојката мислам дека праша дали ќе има нешто каде што ќе може да се собереме во негова чест... очигледно и хуманитарни концерти во негова чест престанаа да прават, секое чудо за 3 дена. Ништо не ме чуди веќе.