Многу често имам навика да си подголтнам малку повеќе од талогот на кафето но читам не било добро фала му на господ ништо не ми е али зошто не е убаво?
Дали имате ваков тв или некој знае да управува со него? LCD SONY KDL40W605BBAEP Спојлер http://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=41508&i=93&l=MK&SupplierArticleID=&Action=V Или каде да го поставам прашањево?
Сега се вика „Casa Cubana„ , за подетални информации обрати се на линков, ја вака го портпарол https://www.facebook.com/pages/CASA-CUBANA/626075454147194
Феминки наскоро треба да ми закажат датум за бранење на дипломска и вчера бев во потрага по пијалок што би го купила за менторот. Планирав некое виски или коњак да му земам, ама додека разгледував низ рафтовите најмногу за око ми фати една ракија. Многу ми се допадна многу како е спакована, соодветно и на настанот би било. Спојлер Знам дека битен е гестот и дека дури дома ќе види што сум купила, ама да не е смешно ракија да му дадам?
Јас го купив како поклон за роденден за татко ми.Сите другари ја пробаа ја избендисаа + многу елегантно е спакована,така да би ти кажала супер избор.
Сакав да прашам во некоја тема за мода, ама решив овде.Вака имам кожна јакна, стара едно 4-5 год. многу си ја сакам ама на времето не се грижев за неа баш како што треба и сега ми испука на некои места и излижана е.Имам иста и кафеава која е многу поздрава од што не ја носам толку често, ама црнава ми е омилена и стварно сакам да продолжам да ја носам, но вака ми смета.Дали знаете што можам да сторам за да ја обновам малку, дали може да се фарба како чевли што се фарбаат, кај мајстор за кожа или да купам некој спреј и сл?
Ракијата е бонбона и можам да кажам една од подобрите што се широко распространети во продажба низ земјава во моментов. Мислам, за вистински љубители на ракија, не за снобови што сакаат нешто невообичаено. Плус, одлично е спакувана, неколку пати ја имам поклонувано, одличен штос е. На што дипломираше?
И мене вака ми се имаше случено, и на неколку места лак за нокти и ставив и воопшто не се познаваше, е сега штом е црна можеш и со маркер да пробаш. Мојата розева беше и не можев таков маркер да најдам, па и лакот заврши работа, само зависи колку ти е оштетена.
Сакам да прашам нешто (не знам во која тема да прашам па еве тука,ако мислите дека има некоја соодветна тема нека се премести таму) Е па вака дали може личност од 15-16 години да патува со автобус сам (пример Црна Гора,Србија и слично)значи без мајка,татко,брат,сестра,дедо..итн. И ако може дали се потребни некои документи,кои,каде може да се извадат... Многу ми е важно ова ве молам....
Што може да е финтата ако кога ќе се логираш од одреден лаптоп нели кога ќе пишуваш со некој што е на мобилен на мобилниот му пишува дека си активен како да си онлајн а не си? И тоа само од тој лаптоп. И не стоиш онлајн туку само активен и само на мобилен се гледа тоа.
Феминки ранецот цел ми се искина, и доле поставата и патентот е цел зафркнат. Хитно ми треба нов ранец, добро де можам уште 2-3 дена со него, таман другата недела 3 дена учиме само, па затоа предложете ми некаде каде што има убави ранци во Скопје, а да се до 1000 денари. За школо ми треба најобичен не мора некој не знам каков да е, а може и од тие спортските нели Nike, Adidas што пишува на нив, гледам и такви се носат, ама оригинал ако купам знам поскапи се нели, а тие од „оригиналите“ е тие се неквалитетни. Па затоа може и некој обичен дајте ми препорака кај има? Не знаев кај да го пишам прашањево, па ајде тука, ако не му е местото преместете го во соодветната тема.
23ти е само ден на ВМРО (не партијата, туку нели македонската револуционерна борба) али е неработен ден за цела Македонија. 24ти не е ништо, само некои, можеби администрација ќе си го спојат, ко нашето школо, ко демек патронат ни е, а всушност во недела ни е и 4 дена слободни, продолжен викенд.