Па јас на пример им имав пуштено слика од апсолвентска, само лик е стросана наместена не ко онаа од лична карта натажена цела оти ми се спиеше
Да, ама немам ни таква затоа што сите слики ми се избришаа, а не извадивме слики за апсолвентска, се сликавме сами.
Марама јас кога работев во човечки ресури во една институција во ЦВ-јата што ми стигаа имаше и слики кои не беа од табло него обични слики.Сега гледај да не е некоја од фб извадена од петочниот провод во диско,но може некој да те слика да речеме покрај некоја бела позадина (ѕид) и таа да ја ставиш.Битно е сликата да изгледа културно и пристојно и да се гледа твојот лик убаво.Евентуално мој предлог ти е и да си отидеш и во некое фото студио и да ти направат таму слики како порано што идевме кога вадевме за документи.
Марама сликни се со телефон, позадина бела на зидот исечија само главата да ти ја има до рамена и ај пријатно. Не се замарај, за СВ нема некои посебни димензии за слика. Па не аплицираш за грин кард.
Де бе мацо па и ти , слика бараат, а не фотографија од телефон. Мора да се слика во фото студио. Сликата на усб ли ќе им ја прати?
Далерона, овој пат си целосно во право, а и незнам зошто толку паника околу тоа, отиди во било кое фото студио, и сликите ќе ги имаш за минута, сега не се чека како порано а не да се брукаш со сечење на обични слики. Кога веќе аплицираш треба да биде се педантно, бидејки тоа зборува и за тебе како особа. Кој би те примил со исечена глава од обична слика? Ти да си работодавец би примила ли таква особа? Советот беше да не се замараш? Па ако ти не се замараш кој? Работодавецот, кој ќе има уште 1000 апликации и ќе може да бира? Првиот впечаток на работодавецот за вас, како и убаво сроченото CV, говори многу за вас и може да биде пресудно зошто баш вас да е одберат.
Јас мислев дека и треба слика да вметне во word document, горе од лева страна се става сликичка во мали димензии како онаа за лична карта и под неа се почнува со текстот, не видов дека треба да залепи слика на испринтано СВ. Така да сигурно не би советувала некого сам да се слика па да режи слики со ножици. Па и да е така нели пак треба да оди во фото студио да ги извади и тие од телефон. П.С не режите слики оти нема да ве вработат
Се согласувам со Елиса и Бах, друго е во фото студио да те сликнат. Иако поголема глупост и дискриминација од ова ми нема. А и не е многу веродостојно. Има претставителни и пријатни ликови коишто едноставно не се фотогенични. Од друга страна пак, има неверојатно фотогенични ликови коишто ќе го доведат до заблуда работодавачот од аспект на колку е особата пријатна на лик и претставителна. Не се мери слика, со материја и енергија во едно. Впечатокот не е ист. Многу ми се праи мерак, кога сум глеала по странски сајтови у дел за кариера совети кадешто јасно си ставаат дека кандидатите треба да избегнуваат да ставаат CV со слика ради моментот на заблуда, дискриминација и евентуален погрешен прв впечаток.
Па тупат демек мис на светот ќе избираат, жива глупост е тоа со сликата. Нека гледаат долу што пишува а не слики да гледаат.
Со исклучок на огласите во кои се бара убава, атрактивна и флексибилна особа, искуство и образование не се важни. Tаму сликата е пред cv-то. Сеа шо може да се зезнат од горенаведениве причини, тоа друго е.
Но затоа постои интервју потоа, CV,то и сликата се само за првичен впечаток не работодавецот, сепак за одредени места треба кандидатот да задоволува минимум некаков си пријатен изглед, иако е тоа релативна раота и ствар на лична перцепција. Инаку што се однесува до странство и развиениот свет, тие толку се отидени напред што дури и ФБ профилите им ги контролираат пред да ги вработат, за да видат каква личност е кандидатот и што објавувал во минатото, дали е склон кон одредени девијации.... Сакам да кажам, таму не слика, туку дури и во семејниот живот ти се мешаат, за објавена слика или пост можеш да изгубиш работа.
Секој со своето мислење, еве јас сум лично многу против тоа со сликите и ми е тотално непотребно. Може да се случи погрешниот човек да се одбие врз основа на поглупа слика. Штом веќе ќе го видиш на интервју, која е потребата? Впечаток за личноста се стекнува преку самото CV, неговата содржина, среденост, употреба на јазик и сл. На интервјуто веќе ја имаш личноста во целина, па суди за нејзината претставителност и пријатен изглед. А за ФБ, па не знам дали кај нас не постои таков којшто би го отпуштил некој за еден пост на ФБ, зависи од постот де. Затоа си имаш алтернативи: 1) ФБ да не го мешаш со работа и 2) за работата да не збориш на ФБ.
За да се направи селекција Теси, затоа е CVто со слика, инаку замисли да направат аудиција наместо интервју за работа и секој кој што му текнало па и тој без соодветно образование и минимум потребен пријатен надвоешен изглед да се потегне иако ни најмалку не одговара за тоа работно место. Сите ние сме склони малку кон претерување и самопреценување, и склони кон тоа дека не бива за се. Но и тоа малтретирање со CVто слики и сите тие глупости не е проблем ако изборот е реален, туку кај нас само џабе ги малтретираат лугето кога веќе се примени тие што треба да работат, а огласот е само формалност.
Треба да вметнам, убаво си ме разбрала Ви благодарам за мислењата. Ќе ставам од матура џоа кукла сум, а и години се поминати Се шегувам
^^ CV, да, јасно, слика - не е зор. Зошто ќе речеш. Околности, лоша слика, краток рок за аплицирање, доцна си налетал на огласот, не си имал време да бираш... едноставно не ми влегува во памет. Ама пак на крајот на краиштата, секој со своето мислење реков.
Ново прашање - Дали знаете каде може да се купат барбики со кола или куќа, ама оние вистинските барбики?? На роденден сум кај мало девојче - сака колекција да прави од нив