Дали кај нас го има изданиево со поклонов? Или може поминал или допрва ќе стигне? Бројот е 242 и еве слика (во спојлер) како изгледа и списанието и поклончињата. Спојлер
Јас видов пред некоја недела во таа продавницата за играчки во Рамстор, до Палма од таа страна. Цена стварно не знам... Ама не само таму, во било која џиџимиџара ке најдеш.
Kај нас е број 240 искочен последен,што значи дека за 1-2 месеца ке го има на продажба и овој број во Македонија(во Србија или Хрватска незнам каде се произведува е веќе искочено)
не дека сум во можност да започнам наскоро свој бизнис, ама ете сакам да ве прашам нешто драги феминки -како би реагирале вие доколку одите во козметички салон(на каков и да е третман) и добиете подарок рачно изработен накит(обетки, гердан, алка) -дали повторно би го посетиле истиот/дали би го препорачале на своите најблиски, роднини, пријатели би сакала да ги слушнам вашите размислувања
Ригона. Се наоѓа карши Градски парк или поточно улицата кога идеш по Илинденска од кај владата. Има раскрсница, од десно е парк со фонтаната и Гоце, од лево некои фризерски салони и една продавничка на ќошот е ова е пред продавницата. Ако ти е полесно Бул. Илинден 65. Уствари еве ти мапа. Ако имаш прашање пиши ми ЛП. Има и телефон 3211 930, јави се и прашај си што ти треба.
Незнаев кај да го сместам прашањево ама ај ваљда може и тука. Знам дека пред сто години се затвори Тејли Вејл ама ипак ме интересира зашто се затвори, се планира да се отвара пак и на која локација?
Овде можеш да видиш голем дел од туристичките капацитети. http://berovobooking.com.mk/ Инаку различни се цените. Зависи дали бараш во градот, на езерото, во хотел или приватно сместување.
Чука и тоа како!Јас сум блиску до неа и за верски празници ме буди од спиење. By the way....Еднаш праша кога оџите пеат наутро, сега за камбаниве... Што толку те мачи околу овие верскиве ,,звуци,,? Немој да ме сфатиш погрешно, немам јас ништо против твоите прашања...Само од љубопитност прашувам?
Сакам да ги мерам звуците на оџите,па на камбаните,па да се пожалам во МВР за преголема бучава од цркви и џамии... Никој не е должен да ги слуша пред петелот да почне да пее.
За соборен незнам кога чука али тука кај мене што е црквава, исто во Скопје, на пладне во 16 часот чука, СТО ПОСТО сум сигурна оти тоа време секогаш ја слушам.За наутро не сум баш сигурна ама мислам дека во 7 чука.
еве едно општо прашање, зошто на женски форум каде зборуваме за менструации, бремености, депилации, и многу слични работи мажите најдоа место за удварање?????