@imelda , не знам од кога датира фразата ама претпоставувам дека потеклото може да е од тие сихронизираните турски и индијски серии. И на мене една фраза не ми е јасна и ме збуни деновиве, т.е. зборот “онадил“ или “онодил“. Што сака да каже некој со фразата “јас сум го онодил“ или “ќе го онадам“?
Ќе го онадам = Ќе го направам. Или пак го заменува глаголот во реченицата - пр. онади го прозорот. Може и оваа фраза датира од турско, со оглед на тоа дека секој крушевчанец ја користи. Претпоставувам дека се користи и во некои други дијалектни подрачја, но јас конкретно само во Крушево ја имам слушнато.
Онадел, или изворно онодил, или ќе га оноду, е замена за зборот е*ел, ќе го е*ам, што би требало да опише вистинска сесуална активност или во смисла на пцовка-закана. Ова потекнува од кумановскиот, крај, и многу често сеуште се користи во секојдневната комуникација. Кумановчани се познати по користењето на пцовки во секојдневната комуникација, па затоа овој зборче многу често се среќава.
@Strumfeta17 Очигледно дека една иста фраза во различни дијалекти има различно значење и употреба. И јас кога прв пат го слушнав тој збор ми звучеше како пцовка, но како што кажав - онаму кај што сум слушнала јас, било кажано во друга конотација.
Жени ја гледав новата божиќна програма на Zara home.и ногу ме бендиса. Сега, гледам онлајн порачки има али нема достава во Мк. Знае некој друг кај ја има нивната програма да може да се достави тука?
Абе годинава ќе има Ден на дрвото или не? Знае некој? Дека секоја година е во ноември,јас да си прашам.....
Имам видено во Тинекс ама цената не ја знам, од прилика би требало да е 150-200 денари. Тинка Маче, можеш.
Да не знае некој каде има да се купат вакви дуксери низ Скопје и ако има колку чини отприлика,или тоа некаде се нарачува да ви направат?
Луѓе кај можам да купам течен латекс или таква јапа ко ќелава, за под перика?И колку пари се отприлика
Не е општо, знам ама не најдов соодветна тема. Девојки ме интересира за ова пешачењето на водно за студентите што беше вчера, што со тие што не бевме, казни нешто такво, што ќе има, рекоа некакви печати им ударале во индех на тие што беа, која е улогата на тие печати... што како ако може некој да ме просветли ве мооолам
Мислам дека тоа е некаде последните недели на ноември а и од некои непотврдени извори слушнав дека тоа било во среда (вчера) ама не верувам