Девојки ви текнува ли дали во Зебра има Сара фешн или некоја слична продавница за хулахопки? Сто пати сум поминала ама ко во магла ми е ич не ми текнува
Има една продавница за хулахопки, чорапи и други работи од надворешната страна, до туристичката агенција е, гледа на улицата Васил Ѓоргов. Не е Сара Фешн, незнам како се вика...
Навистина ми е важно, ако има некоја што би можела да ми даде брз одговор Од мејлот на телефонот(HTC) ми се избришале сите освен последниот добиен мејл, значи не ги избришав јас, стопосто, туку вечерва гледам си стои само последниот примен. Има ли начин да ги најдам претходните пораки, побарав низ фолдери ги нема, стои само последниот пратен и последниот примен. Ми треба мејл од пред четири дена зашто е со битна адреса напишана во него
Отвори го мејлот преку компјутер и побарај во Trash или директно во All mail.Ако не е таму,за друго место не знам. И мене така пред неколку дена ми се избришаа,посебно еден битен,ама јас не го најдов,се надевам ти ќе имаш повеќе среќа.
Уф, а мејлот преку компјутер не можам со месеци да го отворам Затоа и го користам само на телефоон, не сака ни преку лаптоп ни преку пц да се најави, ми бара некаков код кој нема кај да го пратамСупер, ептен сум била неука за технологија
Женски, ми треба нешто за сечење кругови од хартија. За на синко роденденот правам од оние знакчиња на стапче, па не сакам да ги сечам круг по круг со ножици...
Па некој ти го хакирал мејлот затоа не можеш преку пц, преку тел останал зошто тој што ги хакирал ваљда незнаел да ги стисне да се одјави од други уреди мејлот. Смени лозинка преку телефонот ако можеш.
Дали некој знае каде би можела подетално да разгледам за сите предмети кои се изучуваат на факултетот за германски јазик во Скопје? Барав по интернетов,но не можев баш да се снајдам. Не можев да најдам листа на предмети.Ако некој знае,нека објави линк.
@Anabelle.Amorette Повели http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=l2gJivxnEfk=&tabid=97&mid=1729
Некој да ми даде предлог за фенси слаткара или некој ресторанчич со фенси благи...битно да биде фенси Фала.
^^ Мимс и Дволичен, фала на предлозите. Ми треба нешто поофицијално. ( како на пример фуфо, арабеска.. )