Кога ќе го отвориш мејлот оди во сетингс од десно и побарај ја опцијата Sync, Send and Receive. Отвори таму и побарај ги опциите во Download options и види што ти е штиклирано. Мене ми е наместено да ми ги покажува сите мејлови од пред 14 дена. Знам се нервирав и јас порано пошто само од последните два дена ми ги покажуваше, па морав да отварам од компјутер пред да се просветлам и да прочепкам
Во Тинекс ја има сигурно, а можеби и во другите поопремени маркети како Рамстор и Веро. Скоро секаде каде што има поголем избор од продуктите на Виталија.
Tи благодарам @Giovanna, еве сега ги вратив, значи се изнервирав толку многу, а ете колку требало за да се среди Фала уште еднаш за помошта, многу ми се најде
Венето во Сити Мол? Лично немам пробано благо од таму ама ко што ги имам видено на слики се феноменални, не се сомневам дека и по вкус. Цените се слични ко Пелистер, Џино...
Добро утро феминчиња. Сакам да ве прашам(затоа што по стотти пат се отепав и не можам да најдам 1 час се мачев да направам)дали некој знае како се менув позадината на десктоп уште ми стои онаа со t~home . Многу ви благодарам и поздрав од напред.
Луѓе, кажувајте дали воопшто кај нас има вакви шољи за чај и ако има каде да ги најдам,значи да бидат со капак одозгоре, не ми е битен дизајнот многу ?? Леле, прекрасни ми се.
да не знае некој на која страна за шопинг ама наша или некоја продавница, каде што би можела да најдам прстен како од Господарот на прстените? Ве молам за помош , не сакам од странските да го нарачам оти многу се чека а ми треба за 10дена
Каде можам да најдам ваква кутија за поклон? Порани имаше во тоа Sewa ама незнам дали уште ја има таа продавница и каде се наога.
Многу долго не можам да наидам на ленти за елка кои изгледаат како елка, ме разбирате какви. Ако некој има инфо каде би можела да најдам, го молам да ме извести.
На компјутер? идеш со маусот на празно место на позадина и кликаш десен клик и ти се појавува такво да бираш опции и идеш во тоа personalize и од тука е едноставно, би требало да се снајдеш. Ако ти е за телефон, иди во сликата што сакаш да ти е на позадина и одиш во options, па set as и бираш дека сакаш да ја поставиш како позадина. Мислиш на оние што се како "срми" , само што се вештачки гранчиња од елки? Спојлер: вакви само долгунести, така? Ако бараш такви има, пред некоја година ние купивме од онаа преукрасента продавница кај што стоеа таксистите спроти бившо мекдоналдс на рекорд, на улицата што излегува кај тренд (ваљда добро ти објаснав), во сева исто имам видено, а мислам дека сум гледала и по цвеќари дека има.
Пред извесно време купив чизми кои имаше потреба да ги сменам за друг сличен модел. Двата модели чинеа исто, но во меѓувреме цената им се снижила за скоро 50%. На каса очекував дека за разликата во цените ќе ми дозволат да купам нешто друго од продавницата, но продавачот ми рече дека немам право на разликата во цената затоа што и двата модели чинеле исто (тоа пред две седмици). Но, мене ме копка тоа што моменталната цена на производот е скоро за 50% пониска. Имал ли некој слична ситуација? Навистина ли немам право на разликата во цените или само сака продавачот да си задржи повеќе пари?