@agios Aко денес си купиш чизми по една цена а од утре почнува попустот,нема да ти го уважат и нема да ти дозволат да докупиш нешто за разликата во цени.Тоа ти е едно од пазарните правила кое си важи.Исто како што нема да бараат да доплатиш ако од другиот ден се покачиле.
Немаш право затоа што во период кога си ги купила извадил фискалана по таа цена и сега на истата цена ќе плати данок. Така да ако ти надокнати за разликата ќе биде во зијан.
Можеш подетално да ми објаснеш? Зијан - мислиш на тоа ако земам друг производ (и го „платам“ со разликата во цените а не со додатно плаќање) испаѓа како да ми дава производ бесплатно?
Е да, баш тие. Фала ти, ќе побарам веќе утре. А веќе кога сме кај Сева, одамна не сум сретнала сева продавница, каде се спикани?
@BurstBerry јас слични овакви чаши со капаче многу убави имам купено од една продавница за украси и цвеќара е, одма спроти Арабеска, пред Тренд. Беа спакувани две и мислам околу 250 денари дека беа.
имам една книга која неможам да ја најдам никаде па сакав да ја побарам онлајн ме интерисира , дали има некои онлајн страни каде што можеш да читаш целосни книги бесплатно ?
Девојки при пејд корисник сум на Т-мобиле, и забележав од вчера навака автоматски сами се праќаат пораки кох некој си број 129005 а содржината на пораките е безвезна значи има нешто STATUS: : dt=5;pv=01 Сигурна сум дека јас по грешка не ги праќам пораките затоа што еве и вчера и денес тоа време телефонот ми е ставен на полнење( значи ја отфрлам таа можност по грешка во чанта да се пратила пораката) Има ли некоја идеја што е проблемот и како да го спречам? Вчера ми собраа 60-70 денари кредит појма немам на што, и каде отиде тој кредит. Мислев дека е до пораките и намерно денес останав без кредит ама сеедно пораката се прати.
Јави им се одма на контакт центарот и пријави, немој како ВИП да ти направат, да учествуваш на наградна игра без да знаеш и да ти отидат 1000 денари.
Да, јас секако планирав тоа да го направам ама како што пишав, намерно денес оставив 00 денари да ми стојат на сметка да видам дали се наплаќаат пораките. А на т мобиле разговор со оператор се наплаќа така да морам прво кредит да ставам за да се јавам
Мене така ме зезнаа од Т-мобиле, ми собраа добри 150 денари. Јас тогаш пратив порака со текст СТОП.и престанаа пораките и не ми го земаше кредитот. Провери може тоа ќе ти помогне и тебе
Пробав и така. Мене не ми се проблем пораките затоа што очигледно се бесплатни ( денес немав кредит а повторно се праќаа). Мене ми е проблемот каде ми отиде тој кредит што го имав. Не дека 60-70 денари се многу пари ама ми е ризично да надополнам кредит да не ми го соберат пак. Се јавив во контакт центар и ми рекоа декаа немаат овластување да ми кажат каде е потрошен тој кредит.
Знам и јас звонев тогаш во контакт центарот истото ми го кажаа дека не знаат кај сум го пoтрошила кредитот, немале евиденција нешто така беше.