нема и кај мене иако сум на Т-home(mobile). Вчера кажаа дека МРТВ ги забранила некои странски програми зошто пуштале реклами од други земји, кои немале превод. И не е познато дали ќе ги има повторно. А за Fox Movies незнам, кај мене и онака треба сама да му наместиш превод.
Фокс мувис се емитува без превод оти е забрането да се титлува на друг јазик освен на македонски, а нема опција за бирање превод на тој канал. А што се однесува до Фокс Лајф, како и Национална Географија, Минимакс и слични - ги тргнале затоа што операторите не ги почитувале правилата за реемитување. Еве линк поопширно да прочиташ: http://daily.mk/makedonija/isklucheni-najpopularnite-stranski-kanali-1
Јас имам и многу се напнав. Превод нема на многу програми, ај мене не ми терба ама моите си гледаат. ЗНачи немам превод на сите FOX канали, немам на ID, на Animal Planet, на сите Дискавери нема. Извини има само албански да одбереш во менито. Порано имаше 100% сум сигурна дека на сите имаше превод да си наместиш дали сакаш мак, српски, сеедно. Ја немам Нешнл Џеографик, незнам зашто ми ја снемало (едит сеа дознав од Анат) Покрај тоа секогаш ми кочи и сецка и демек е до антената ама па 100 антени сменивме, милион пати им се јавив таму подеси ова, подеси она... И џабе е се. Да ми истече договорот одма го неменувам, искрено катастрофа се. Ќе си земам Макс ТВ за истите пари е, дури и поефтино мислам.
Мене ми истече договорот и не сакам да го продолжам ,баш поради вакви работи.Порано имаше можност да се одбере српски или македонски или само српски,што мене не ми пречи ,а сега... А би требало нели околу Н,Г, да пуштат некој канал а не тие што ги имаат да ги скратат.Само бричат и те обврзуваат на глупав договор од 2 години.
И ние сме на BOOM TV, ама не е само до нив, ај што ќе го смените операторот, кај сите е иста приказна, можеби кабелските оператори се вадат донекаде, ама овие што се на цела територија на РМ не смеат да ги емитуваат овие канали, ниту пак превод на друг јазик освен на македонски. А бе златен интернет што ќе правевме без него.
Купувам подароци деновиве, нему планирам да му купам некоја колекција иако е многу клише, знам дека му треба, е сега не знам каде да ми ги украсат подароците со машни и такви ствари (некаде во К.Вода или Центар). Плус бидејќи вели дека мене ме сака како подарок, сакам да ми стават некоја машничка на глава, симболика мала, јас-подарок. Каде ??
А Фокс лајф каде може да се гледа онлајн со српски/македонски превод? Јас мислев дека до нашиов оператор е ама штом е кај сите вака... Не постои можност да ја вратат?
Не знам дали ќе ја вратат, искрено, зависи веројатно од договор меѓу операторите и агенцијата за медиуми. А на интернет не знам кај има да се гледа, јас сите серии што ги даваат на Фокс Лајф си ги гледам онлајн, ги има на различни веб страни.
Дали некој знае дали има во малопродажба агар-агар? Тоа е средство за желирање, ама од растително потекло. Порано понекогаш пронаоѓав пектин во некој маркет, ама агар -агарот е многу посилен од него и не знам дали го има.
Јас може малце затупена со прашањево, ама нас ова со електронските здравствени книшки уште не ни е средено.. Имаме поднесено за вадење, преку мајка ми од работа одеше сето тоа, е арно ама, ги немаме подигнато, на никој не му текнало.. Моето прашање е каде можам да ги подигнам, дали можам за цело семејство или лично мора секој, и дали се доплаќа нешто при земање?? Фала многу. И дали има нешто по нет како може да се провери дали ни се готови? (иако би требало до сега 5 пати да ги направат)