На овој линк https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/ може да провериш дали ви се готови. И мислам дека не може било кој да оди да ги подигне, јас не можев да ги земам за мм и малиот, не ми ги даваа иако покажав лк (сопругот не беше во земјава).
Јас требаше утре да одам за Скопје ама разманав... Не ми се ризикува, посебно не сабајле или навечер. Во Велес моментално се' е растопено и во фаза на замрзнување, и ветренце така си фучи, можам да замислам на автопат како е. Мој совет, ако има друг пат што е прооден одете од таму, или воопшто не ни тргајте ако не е итно... Знам дека се празници и се' ама ете... Едино ако одите после 10-11, додека е дење и колку-толку поодмрзнато.
Сообраќајка и имало колони големи. Незнам дали е исчистен патот таму. Абе оди си, само ако е замрзнато вози полека. А можеш и преку Кратово да си одиш. Но и после Кратово ако ти е замрзнато и таму ќе треба полека да возиш.
Девојки, каде според вас во Скопје ги има најубавите новогодишни честитки? Да, знам дека е прашање на вкус, но еве вака, да се честитки полуксузни, ако може така да се каже, од 150-200 денари... Сакам да изненадам една личност со честитка и убава посвета во оваа електронска доба, и сакам да биде се’ „ко подмачкано“.
Во Рамстор на приземје кај ескалаторот кај што продаваат балони и некои џиџи миџи таму имаш преубави честитки. Во тој ред е кај што сликаат портрети и карикатури, нема да утнеш.
Работи ли денес Дм маркетот,во склоп на Веро Центар? Ми треба за купување на подарок што го заборавив.
E вака сеа-телефонот ми бара пук.Картичката ми е е изгубена(таму кај шо го пишува пукот)..Ако се јавам или одам во t-mobile можат да помогнат?
Можно е да работи, ама навистина не сум сигурна. Ако не работи, тој во Сити Мол работи со сигурност. Знам дека е доста далеку, ама ако навистина ти треба, ќе ти заврши работа и тоа како.
Денес сите приватни трговски центри работат од 12 до 20 часот. Би тербало истото да важи и за Веро Центар, знам дека Рамстор, Сити Мол и Капитол работат со тоа работно време.