За Прилеп не знам, ама во Југоекспорт стил и во Монтенегро има сигурно. И некоја непозната продавница во Сити мол најгоре (непозната за мене, никогаш не сум видела како точно се вика). Југоекспорт се најевтини од овие.
Ме интересира дали и како можам да го избришам акаунтов? Досега не сум сретнала одговор или вакво прашање. Итно е
Оди во темата за филмови и има препорачајте хорор, таму има повеќе ставено, и јас сум пишала кои се добри. Исто имаш препораки и во последен гледан филм. Можете да го гледате Case 39, The Uninvited, така повеќе психолошки хорори се.
Има ли некој проблем со 4G мрежата на Вип? Мене ми прави проблем со тоа што само во центар ми фаќа телефонот 4G, a јас не сум од центар. Се јавив во Вип ми кажаа што да направм и пак не сака. Знае ли некој како да ја направам мрежава?
Дали знаете каде гравираат накит (за наруквица ме интересира ако е релевантно на што е), за колку време ќе биде готово гравирањето и колку е цената ?
Во Сити Мол имаш еден гравер на пролазите, ако е плочка прашај ќе ти изгравираат. Прстени прашав не гравираат, ама плочки сигурно гравираат. И не е многу скапо.
Јас имам број од еден пред некој ден земав визитка Б.Сарачини e-mail: mail@bedrisaracini.net Тел : 070497059
Дали некој знае да ми каже кој е најдобриот и најефтииот трансфер на поголема сума на пари од Сад за Мк?
Devojki, mi se zguzhvala kozhnata jakna, nevnimatelno sum ja ostavila megju alishtata. Sega chare da se ispravi?
Обиди се со пегла, но на минимална температура и обавезно како заштита преку кожата користи некоја крпа... Само биди многу внимателна и не ја задржвај топлината долго време на едно место...
Аа, па мислам дека малку е еден ден за кожа. А ако ти се брза да пробаш да поминеш со пегла, но нежно, на слабо, преку пешкир, како на видеово?