Не знам каде да се обратам за ова прашање па еве овде ќе го пишам ако не треба тука упатетет ме каде што треба... ЗОШТО МОИТЕ МИСЛЕЊА ОД ТЕМАТА РАЗМЕНА НА СЕМИНАРСКИ РАБОТИ СЕ ИЗБРИШАНИ, ЗНАЧИ ТЕМАТА Е МОЈА И САКАВ ДА СИ ЈА ОБНОВАМ НА ТО ЈНАЧИН ШТО ПОСТАВИВ НОВИ ТЕМИ ОД СЕМИНАРСКИ ЗАДАЧИ А МОИТЕ МИСЛЕЊА СЕ ИЗБРИШАНИ БАРАМ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ТОА
Дали го имате користено етеричното масло од лаванда? Дали сте задоволни од ефектот?Имам мн читано дека мн помагало при борбата против стрес, го подобрувало расположението, го подобрувало спиењето итн.Ваше мислење.Ви благодарам
Општо е познато дека мирисот на Лаванда има многу позитивни влијанија врз расположението, релаксира, опушта, ослободува од стрес, помага за подобар сон ... Јас лично го обожавам мирисот на Лаванда, користам етерични масла, лосиони и млека за тело со мирис на лаванда, а имам и парфем со таков мирис. Од етеричното масло капнувам неколку капки во керамички сад под кој палам обична мала цвеќичка и мирисот се шири низ цела куќа. Дома сите го обожаваме, многу е точно дека опушта и смирува. Има во Џамбо, по аптеки, во маркети можеш да најдеш и во продавничката специјализирана за масла, чаеви и природни препарати La Soy (на бул. Климент Охридски малку подоле од книжарата Матица). Во Џамбо имаш и вреќички со таков мирис, стапчиња, свеќи итн... Мене со керамичкиот сад ми е најубаво: И вакви садови имаш во Џамбо и се доста ефтини, околу 100 денари и помалку. Млеко за тело ти препорачувам да го пробаш ова: Прекрасно мириса и баш ко бебе ќе спиеш, има и сапунче, масло за тело и купка. Во сите маркети ги има. Маслото е одлично за масажа. Како парфем го имам овој: Ептен мириса на лаванда!
Незнам, на поколн го имам добиено, инаку е за масажа, малечко е околу 50мл има. Еве ти ја нивната веб страна па можеш и да ги контактираш, пиши им меил или јави се на телефон ќе ти кажат. Заборавив да ти кажам дека имаат штандче и во Веро Центар. http://lasoy.com.mk/
Женчиња да не знае некоја кај можам да купам карти за златна бубамара, зошто сега дадоа реклама дека ќе биде на 19ти февруари.
Би требало да може од универзална, ама од моето досегашно искуство, нема шанси да најдеш карти освен преку врски или ако не те поканат.
kataleja1 Јас имам купено на air wick мирис собен од лаванда, можеш да побараш. Инаку одамна беа земени одеа два на акција беа пуштени за ефтини пари, мислам дека од Џамбо ги зедовме. Еве вакво
Има некоја што знае што значи зборот "сегментирање" ? Сегментирање на пазарот е насловот,а се е поврзано со овој термин,а мнг работи ми кочи,оти појма немам што значење има ?
Сегментирање значи поделба, а во твојот случај би требало да се однесува на некои поделби на пазарот.
@Madam-A од 600 па нагоре, зависи каде и зависи што точно ти треба покрај форматирањето. Многу време помина откако форматирав компјутер (во Риверсофт, Скопје), ама се сеќавам дека платив 800 денари, наводно заради програмите кои побарав да ми ги инсталираат. Имај го и тоа предвид, ако имаш потреба од некои посебни програми.