Имам долгорочни проблеми со една личност којашто на меил секогаш под различни имиња ми остава нејзини меилови затоа што ме нашла на фејсбук да и пишам.Тоа трае веќе две години со поголеми паузи.Исто и на фејсбук ми има пишувано од различни профили под различни имиња,а некои од тие профили во пораките на фејсбук ми се регистрирани како спамови од страна на фејсбук.Кога и пишувам на меил ми вели дека е Црнкиња од 24 години,дека е во кампот за бегалци и дека татко и и целата фамилија и се убиени и има еден постар човек којшто и е сега како татко и ми испраќа нејзина слика и бара јас во Македонија на моја сметка да ги префрлам сите нејзини заштедени пари коишто се ненормално голема сума за една бегалка.Јас и одговарам дека немам пари ни можност да и помогнам,но како тие одговори да не стигаат до неа и таа пак ми пишува под различни имиња од различни меилови.Има ли некоја шанса да ја блокирам на меил или единствено можам да ги бришам меиловите,може ли некако да ја блокирам на меил и на фејсбук да не ме вознемирува повеќе?Имал ли некој сличен ваков проблем?Помогнете ми и фала ви многу однапред!
Во ред,отсега,па натаму ако ми пише нема да ги читам повеќе,само ќе ги бришам таквите пораки.Фала ти многу @Peco!
@atala, подеси го сетингот на фб да добиваш пораки само од твои пријатели. Инаку, станува збор за измама, слична на таа со нигерискиот принц.
И јас сфатив подоцна дека се работи за измама на интернет,меѓутоа проблемот е во тоа што таа личност сега не ми пишува воопшто на фејсбук,ми испраќа само меилови на yahoo и не знам како можам на меил да ја блокирам да не ми пишува повеќе на меил,значи сега само за меилот ми треба блокада,не и за фејсбук.
Оф мила, мислам дека нема начин Секако можеш да ги блокираш адресите од кои ти пишува но претпоставувам дека секој пат ти праќа од различни мејлови и тоа за жал со ништо не можеш да го спречиш, освен да си отвориш нов мејл.
Да,така е,секогаш ми испраќа пораки од различни адреси со различни имиња ,обично на некои познати манекенки Црнкињи или исто така и на некои понзати женски од Блискиот Исток(проверив на Wikipedia за тие имиња под коишто ми испраќала адреси),а меилот ми е ист и на фејсбук.Како и да е,фала ти многу @Nausicaa ќе гледам да ја сменам адресата ако е така!
дали некој има патувано со агенцијата феријал кашиков за букурешт за осми март? или некои другибискуства со агенцијава?
Nekoj da mi kaze dali vo Dzambo imaat uste od onie sobnine papuci sto se kako cizmicki i dali imaat pomali brojcinja i koja cena se utre na vnuka mi i e rodenden i sakam da ja iznenadam od lani mi gi zbori. Vi blagodaram od napred
Јас бев пред некој ден имаше сеуште, и мали и големи бројчиња. По 300-350 денари се големите, за малите не забележав.
На зелен пазар сите модели и големини ги има ,кај тие од страната што продаваат пластикарии, чаши ... Цената им е околу 100 , 150 ден
Некој да ми помогне со туторијал за фризурава или на неа слична? Во сабота сум на далечна свадба па сама сакам да направам нешто... фала девојки
Сакав да ја прашам @mims-89 дали ги има пробано цврстите парфеми на LaSoy. Мислам дека пишуваше неколку страни наназад дека имаш масла и свеќи од овој бренд, па мислам дека ти најмногу би можела да ми одговориш. Акоо има пробано некоја друга феминка, слободно. Спојлер: Цврсти парфеми Намирисајте го своето тело на природен и елегантен начин! Привлечни, цветни, еротски и стимулативни LaSoy цврсти парфеми... Изработени од природни компоненти - бадемово и кокосово масло, восок и етерични масла кои пружајќи неодолива миризба ќе ги разгалат Вашите сетила. Едноставно размачкајте малку цврст парфем директно на пулсирачките места на телото (во коренот на дланките, под носот, на вратот, позади ушите..), вдишете длабоко и почувствувајте ја моќта на етеричните мириси. Бидете сигурни дека ќе останете забележани! Достапни во неколку ароми, во пакување од 10 мл. Ориентал – yланг yланг, пачули & лаванда! Егзотичен мирис за анти-стрес третман. Маск – топла нота на мошус комбинирана со мирис на свежи брусници и шумско овошје Вива – цитруси & ylang-ylang - свежа арома за подигање на расположение! Лили – прекрасна цветна арома на крин и црвен грејпфрут