фaлa ти некoјa прoдaвничкa кoнкретнo би ми пoсoчилa или дa си влезaм вo билo кoјa oд тие кaј штo имaaт излoженo пред излoг?
И јас се придружувам на групата „одрани од ЕВН“ повторно! Минатиот месец 7500, овој месец 6500 денари
@Madam-A јас еве два пати по ред купувам од рамстор-мислејќи од маркетот. Не се ни бренд ни ништо, за пренесување на алишта се супер. За нешто потешко не се. Последниов го купив 2100ден за 20кг. Мене не ми се даваат повеќе пари за куфер. Особено поради фактот што ако чекаш со куфер што изгледа поскапо во метро знаат да ти се лепат многу крадци. Вака сум си по незабележителна.А и не му ја мислам каде го ставам.
Фала @kolovoz , јас мислев дека во рамстор им се напумпани цените, како што знаат и за се останато, и не ми ни текна да проверам таму, ама ако препорачуваш, баш ќе одам утре да видам. Не ми се даваат и мене многу пари зашто ионака ги тероризираат по авиони, а и како што кажа ти, боље понезабележителни од безбедносни причини Фала уште еднаш драга. Убава вечер
Лани го земав мојот од чаршија 1 200ден средна големина,малите беа 800 а најголемите незнам. Препорака за апартман во Маврово и цена ако бил некој зимава ?
Како голем љубител на мошус, гледам некој парфем во каталог на Орифлејм и ... ме привлече зошто пишува - МОШУС. Ама имам два проблеми. Под еден, не знам како мириса, па ако некој имал шанса да го мирисне нека сподели. Под два, не познавам никој кој е член во орифлејм, и како да порачам во овој случај?
@Lilit За кој парфем станува збор? Има повеќе прафеми што во својот состав имаат мошус. А во однос на начинот на порачка, доколку не познаваш нивни консултант (член) може да порачаш кај претставник на некој од тимовите, ама и тој некој треба да го познаваш.
Ми треба совет во врска со машина за алишта , доколку некоја од вас има нова , или се разбира малку повеќе во оваа нека ми одговори овде или во лп Фала
Дали ПИОМ работи после 16 h? Треба да поминам за корекција на стаж, се убив од звонење да прашам, никој не крева слушалка.... Ви благодарам!
Да ве прашам може да ми помогнете д го најдам учебникот по биологија за седмо деветтолетка за натпревер. Ако го најдете многу ви благодарам. Инаку ние учиме шесто осмолетка. Благодарам од напред.
Нас 9000 ни дојде претеризам е ова, а на другарка и дојде сметка 12000 денари. Мислам ЕВН имале празна трпеза за празнициве.