1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 10 декември 2011.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Не сум многу во тек со будалаштините кои се изгласуваат кај нас и сакам да прашам дали навистина е донесен закон дека македонски државјанин не смее да има банкарски сметки во странство?

    Јас колку што знам, нема законско ограничување за македонски државјанин да биде клиент на странски банки, а вчера слушнав за некаква забрана за вложување финансиски средства на носител на македонско државјанство и отварање сметки во други држави... некако многу конфузно и непромислено, не е логично ваква забрана да постои а доколку навистина постои некакво безвезно законско ограничување, истото сметам дека е нотарен идиотизам.
    Логично е данок на приход/имот остварен во Македонија да се плаќа во Македонија без разлика дали се работи за македонски или странски државјанин, а данок на приход/имот остварен во странство да се плаќа во земјата каде е остварен, без разлика дали даночниот обврзник има македонско, двојно, тројно или повеќе државјанства.

    Еве на пример, легално сум заработила во Македонија милион долари и регуларно сум пријавила во УЈП каде прописно ме оданочиле и со тоа јас сум го завршила својот долг кон државата, а што јас потоа ќе правам со преостанатата актива е лично мој избор и моја приватна работа, ако сакам ќе вложувам во Парагвај и Мозамбик и ќе отварам сметки кај сакам зашто тие пари се веќе оданочени, законскиот пропис испочитуван, долгот кон државата навремено и целосно подмирен... со кое право тогаш некој (или самата држава) ќе ми забрани да правам што сакам со моите пари? Не постои никаква законска и било каква останата, етичка, морална норма која условува таков идиотизам, под услов да е се претходно навремено регулирано, пријавено, оданочено и се останато.

    Или што кога целата моја долгогодишна заработка која е стекната надвор од Македонија и отсекогаш ми била сместена на различни сметки во разни банки низ странски држави каде е се регулирано, но немам сметки во македонски банки, немам намера да отворам или скраја да е, да вложувам свои пари во магла (Македонија), имам повеќе државјанства меѓу кои и македонското и сега, дали овој закон (ако постои) важи за мене?
    Како ќе проверат дали, колку и каде низ светов имам сметки и на кој начин планираат да го докажат тоа?
    Дали во овој случај, јас како македонски државјанин кога ќе дојдам во Македонија на граничен премин ќе ме похапсат со изговор дека кршам закон?

    Одамна не следам детално современа македонска законска регулатива зашто не ми потребало ама деновиве ме збуни оваа работа, не ми е јасно и баш ме интересира одговор од некој правник кој е упатен со проблематикава.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Тој закон е стар и важи за резидентните граѓани на Р. Македонија. За да не се одлеваат пари од државата.

    Сега, ако има нешто ново не знам, не сум чула, ама ќе разбереме сите порано или подоцна :o

    Сите што сме во странство имаме странски сметки. Како инаку ќе си ги плаќаме сметките за вода? Доколку донеле некој нов апла ваков ми ти закон, како оној со пасошите што не испозаглавија пред некое време, очигледно пари им требаат, нема шала, па ќе не ловат сите на граница, дај новчаникот да видам од каде ти се картичките ]:), ќе не одерат по некое евро казна и толку, ама чисто сомневам некој е толку будала да изгласа нешто такво. Сепак... Македонија и се е можно.:emo:

    Едно време што разбрав, и всушност треба да си го знаат сите надвор, дека, доколку си бил странство, па се вратиш во МК (повторно си резидент), поради законот да немаш банковна сметка во странство, луѓево не можеле да си ги влечат парите од странската сметка да им дојдат во МК. Префрлаш од странска банка во македонска сметка пред да стапнеш во МК, фактички.
     
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Имелда и јас го знам стариот закон за резидентите на Македонија ама ми спомнаа дека имало нешто ново кое го изгласале пред година дена отприлика. Јас месецов после толку време влегов во Македонија и немав никаков проблем на граница со сметките ама ме заинтересира дали е вистина тоа што се зборуваше.
    И на мене не ми е логично ама не сум запознаена баш најдобро со промените па да си прашам, ама воопшто не би ме изненадило и да е вистина зашто на времето слушнав дека и Алиса поднела барање за македонско државјанство и пасош, сепак ова ти е земја на чудата бидејќи покрај Сомалија, Камбоџа и Никарагва, ние сме единствена држава во целиот развиен свет каде едно семејство може да преживее со 100евра месечно и земја каде секоја шлапатарка носи и гласа вакви смешни закони.
     
  4. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Треба да одам до Ultra Design, продавничка за маички.
    Ми рекоа дека се наоѓат во Дебар Маало спроти некоја градинка на кружен тек..

    Кога градинка е таму? Пошто секако и да треба да прашам некого, ќе ја знаат градинката по име ќе може послесно да се снајдам.
    :D:D
     
  5. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Каде да најдам детски ранчиња убави шаренки и со пристојна цена? Како за во градинка :)
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    @Pirana мене многу работи не ми се јасни околу законите во МК. Како ги носат, како ги толкуваат, секој како си знае и умее и така и си ги спроведуваат. Од корист! Се расчитав кај Народна Банка, ставиле закон, па погледнав. Значи, дури и на резиденти им е дозволено, доколку побараат и според условите во законот кои треба да ги исполнат, ќе им биде дозволено да отворат сметка во банка. Додека за тие како нас нема ништо.

    За да имаш МК пасош, треба да имаш МК лична карта. Еве со големи букви кај МВР што пишува да копирам. Маани што се дерат да ти кажат, па и неписмени (facepalm)
    ВАЖНО:
    ЗА ДА ВИ СЕ ИЗДАДЕ ЛИЧНА КАРТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОРА ПРЕТХОДНО ДА ИМАТЕ ПРИЈАВЕНО ЖИВЕАЛИШТЕТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Качи се на месечината, пријавено живеалиште во МК ти дава статус резидент и на писмо те опфаќа законот за сметки како таков. Од сите страни Ѓорѓи :rofl:

    Не вади МК пасош и на безбедно си :?:

    Јас маанав веќе не си ни доаѓам, ми скисна на граница од „паметни„ Цајкани :envy:
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    :bandit:

    Да не ме апсат:(

    А да не знаете како е со имот и недвижности. На македонски државјанин во странство и обратно, странски во македонија.
    Во однос на куќа, стан, автомобил...?
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Оооо Дани, и тоа сретнав некаде на finance.gov.mk. Не е дозволено за резиденти на МК да вложуваат во недвижности надвор. Освен ако си во трговија и отвораш гранка на фирма, или нешто си дипломатски претставник или така беше.

    Странски во мк може.
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    :envy::devil:

    Ај едно прашање на Тошо онака...А што може да ми направат ако имам куќа и кола на мое име]:)
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Претпоставувам дека работиш во странство и поседуваш работна виза за тоа. Со тоа ти можеш да поседуваш сметка во друга земја- бидејќи имаш работна дозвола за работа во таа земја. Е сега, по правило би требало да имаш пријавено странска адреса како привремено место на живеење на л.карта која ја поседуваш во Македонија. Но ова никој не го прави и фала богу за тоа до сега никој не го казниле.
    Одкако ќе ти заврши работната виза ти не би смеела да работиш и да поседуваш сметка во друга странска банка. Но поради преносот на пари тоа е сепак дозволено. Но само за преносот во Македонија.

    Во однос на тоа да сакаш да отвориш сметка во странска банка за пренос на наследство или нешто слично треба да поднесеш барање до НБРМ и тие да ти одобрат. Значи треба да имаш добра причина. Без нивна дозвола несмееш.

    Е сега, ако ти таму си се пријавил со бугарскиот пасош, не се третираш како граганин на РМ и не важат правилата на НБРМ туку се водиш според правилата на Бугарија.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Да пукнат од љубомора. Ете тоа :rofl:

    Пријавена си како иселена? Ако не си, пријави се. И знаеш мотото, јас не знам, не сум од тука.
     
    На danichap и kolovoz им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    Идам еднаш на 3-4 години, адресата за лична карта и пашапорт е уште од кај мама. Се одјавив за здравствено тогаш, и во бирото за вработување...друг вид на одјавување немам извршено.
    Се двоумам за второто државјанство бидејќи како странец полесно е доколку купуваш овде а доле секако пак си привилигиран. Вака секако со дозволата(нешто како грин кард) ги имам доживотно истите привилегии како сите домашни државјани.
    Нема да ти се обесат на врат овие од тука, што од каде ти е.. .Ама нашиве дека се толку тупаџии(facepalm)
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Може да прашам? Гледам се разбираш од вакви работи, а јас одговор немам. Што со оние кои не сме привремено надвор. Значи јас сум иселена, и пријавена во МВР одамна, имаат адреса од мене во странство. Не ми даваат лична карта без живеалиште во МК. На граница секогаш се тегнат да ме пуштат иако го пријавувам престојот на странски пасош во полиција, значи се уредно.
    Еден совет добив, ако не вадам пасош, подобро да откажам државјанство. Ама, да го направам тоа, за тоа треба да извадам лична карта па да поднесам за отпис.

    Гледам јас фали МВР или таква некоја тема на форумот, На Шалтер молам :D

    ПС да едитирам. Дани, во локална полиција треба да те запишат. не мораш лично да идеш. Јас мајка ми ја праќав, со писмо дека неа ја праќам да однесе што бараат од документ за дека не сум таму, а не се сеќавам што беше. Не праќај сметка од банка само, или имотни листови :rofl:
     
    На galapce и danichap им се допаѓа ова.
  14. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    Колку чини шишање во Диор Центар,оној до бутикот за венчаници Queen? Задоволни?
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Никако и за без пари да не одиш, јас отидов летото и хаос ме направија, уствари тоа девојчето за две минути ме потшиша и после тоа ми беше срам до ГТЦ да одам со таа фризура. Два пати сум била, два пати катастрофа.
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Ова не е во мој домен ...Жал ми е.:| Ама јас да сум како тебе би пишала на страната на МВР, односно би поставила прашање. Со објаснување што ти прават на граница. Гледај во прашањето малку повеќе да го набилдаш со фактот дека не сакаш да го изгубиш македонското државјанство, дека многу ти значи и редум други такви розови нешта.
    Колку и да вика владата дека не сака да се иселуваме од земјата ...таа ги обожава иселениците - тоа се дополнителни средства кои со години го јакнат буџетот на РМ. Македонскиот буџет отсекогаш зависел од вашите средства.

    250 ден- само потскратување, а шишање и обликување- 400ден , во ред е ако не правиш драстични промени .
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    хмм, епа тогаш да препорачате добар, не екстремно скап, фризерски салон во Центар?
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Знае некој колку се цените на картите за претставите во Театар комедија? :)
     
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.474
    Каде може да најдам амонијак?
     
  20. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    4.675
    Колку пари се контактни леќи и колку време траат?