За друго место незнам. Али за во Валијант имам слушнато дека имаат и дискретна доставка до дома (бесплатна ти е доставката) Еве ти бројче на страната што го има 070 230 480
Девојки, ако сте биле на некоја српска свадба, да не знаете кои ора најчесто се играат? На 14ти април сум на свадба кај близок роднина и сакам да научам некои. Несакам цела свадба да си ја преседам.
Дали знаете кај се продава железна каса ?? Зборувам за од тие каси што кога ќе ги ставиш парите внатре да нема вадење , само со клуч ?
Ма во Џамбо се закон бре, нема ни клуч вистинско штедење (си зедов една) , туку откако ќе се наполни лименката се сече со нож оној за отварање на конзерви
Сакам да ги прашам тие што имаат картичка од Шатци со 10% попуст. Дали даваат на цела сметка 10% или само на еден производ, пошто ја кога купував повише работи нешто сумљиво ми беше, а логично е на цела сметка да е?
Барав, барав и не знам каде да го поставам прашањево и решив тука, ме интересира дали некој знае каде можам да најадам од оној лепакот кој го користат за лепење плакати, знаете оној белиот???
Женски, ми стигна една порака на тел. од странски број Congrats! Your Mobile# has won $750,000 in the ongoing Cola-Cola Int'l Mobile Draw. To redeem, send your Name,Mobile# and e-mail adress to: (i edna email adresa ostaveno) Поима немам што е ова, да не е некој вирус? ???? Ви има и на вас стигнато на некој или?
Епа вака, сакам да пратам разгледница, дали се плаќа за испраќање? И колку? Иначе не ја праќам преку DHL или такви брзи пошти.. Немам поима, бидејќи не сум пратила до сеа. И многу ми е интересно дека ќе пратам
Да се плаќа.Исто така знам кога јас праќам честитки за нова година надвор од државава во пошта ги мерат и според тежината си плаќаш.Е сега цената зависи од тоа дали во државава или во странство праќаш.
Другарка ми имаше испратено Честитка и мало плишано ЧорапЧе во Германија . 180 денари ја Чинело испракањето
Имам едни многу симпатични штикли, купени ми се пред 4 години, добро сочувани итн. Но, штиклата е малечка, поради што не сум ги носела многу. И сега ми се смешни... Сакам да ми кажете дали е можно да ги однесам на чевлар и да ми стават други потпетици, повисоки и потенки? И ајко може колку би ме чинело и каде да ги носам? Фала ви
Ептен ми е глупаво прашањево ама морам да си прашам. Алергична сум на млеко и цела се нафрлам, а деновиве само на тоа сум. Е сега забележувам дека млекото не ми прија, а јогуртот не ми пречи. Нели двата се млечни продукти, оти е тоа така?