За колку време од прилика се стига со автобус бр 8 од влае до чаир кај општината (19кај што врти)? Гледам има во 9.05 од влае, дали до 10 би стигнала до таму?
Девојки да ве прашам за некои поопуштени места за викенд шетање во Скопје, од типот на Коктел Бар....значи така до 01 да работи да има добра музика и луда забава нормално со играње SOTTO кај соборна припаѓа во оваа група? Soulmatik? Brick Bar? Искуства, совети, say something
Спроти студентскиот Гоце Делчев, до пекарата, не знам како се вика. Работи секој ден, до 3 сабајле. Не е баш во околина на Центар, ама ако очајно ти треба принтање, корисно е да се знае
Нажалост во Скопје во дискотеки веке нема играње и луда забава а не па по кафичиве. Соулматик добро место е и прилично големко е особено задниот дел каде не се прави голема гужва пошто обично сите напред се буткаат.Брик Бар е многу детско место ептен мене лично не ми се допага таму ради омладината ,Сото е убаво место ама е многу гужва исто така и Кино Карпош каде не се дише во сабота навечер , Љубов е онака ок место ,Излет последните неколку пати кога бев живо пиле немаше а не па забава ,Ракија Бар што е кај Соулматик е во задње време хит место и доста исфорсирано со градскиве позери ..
Некој што се разбира во AutoCAD? Истите линии, објекти ми требаат во два посебни леери, на исто место. Сто пати пробав не ми испаѓа како што треба. Знае некој како?
Ќе Одиш Во layers и ќе направиш нов леер , ќе му дадеш име и ќе одбериш боја за него и тип на линија . Па после објектите што треба истиот да ти ги опфати само ќе ги селектираш и ќе одбериш во кој леер да ги ставиш и ќе ти се направат
Drinkers' Paradise има супер музика за играње со евтини пијачки. Опуштено местенце кај што повеќето одат заради пиењето. Одат и на патики и на штикли. Некои седат, некои играат. Буквално се има. Casa Cubana на кеј имаат журки преку викенд, обично е латино и разиграни се сите, и млади и стари. Brick Bar не ни знаев дека имаат журки, повеќе ми одговара за дневно кафе. Во Spalato не сум била од летото, ама сигурно уште прават журки. Мене ме интересира каква е атмосферата во Jazz Inn?
Цела вечер пребарувам не можам да најдам. Знае ли некој каде на друго место освен Рамстор и Сити мол има продавница за гумени бонбони и од тие чоколадни бонбони на кило што продаваат.Гледам има Шекерен свет во Рамстор и Шугар ленд во Сити мол,ама на друго место каде има слична продавница?
Можете ли да ми дадете некоја идеја за интересен поклон за машко? Нема никаков повод чисто онака знак пажња и љубов. Не треба да е нешто големо (пошо ќе го праќам во Америка) ама нешто креативно би сакала да е...