Јас на клиника ја ставав протезата и извадив два заба горе , сеа гледав да бидат пломбирани да не бидат здрави заби ,но сепак вадењето не е грешка бидејќи така се прави место да за се наредат забите. Доколку немаш извадено заби и сега не ги извадиш умниците , тие знаат да напраат компликации и да ти ги истуркаат и изместат забите, најубаво да се консултираш со ортодонтот во секоја вилица е различна ситуацијата , но според мене не е ризик
Вадел некој пасош сега брзо? Мислите дека има некакви шанси да ми е готов по редовна постапка за 10 дена, или да плаќам итна и да не ризикувам?
Кажи му дека ти треба побрзо зашто патуваш за 8 дена во странство, и дека немаш избор. Мене ми упали. Јас така напраив и за нецела недела ми беше готов. Му свртев муабет дека ми треба а моментално неам 4500 за итна постапка. А стварно немав.
@crimson Јас вадев пасош во август кога е поголема гужва за вадење пасош. Тогаш мене ми беше готов.за седум дена. Варувам и ссега ќе е исто ако не и побрзо зошто нема толку гужва.
Фала многу @Hipster и @CrazyOne, многу ме израдувавте. Ќе си ја пробам среќата утре, претерано ми е 4500 денари
Пред 2 недели вадев пасош.За 10тина дена го даваат без лажење без молење. Немаат сеа гужви ко што беше порано коа искочија биометриските па се чекаше со месеци зашто сите од еднаш ги менуваа. Така да немаш гајле одма ке ти го дадат. П.с Огромно браво до МВР што може и директно у кабина да се плати со картица а не да се замара човек ко порано со уплатници и мафтања по банки.
Dali nekoja feminka znae kako se vika devojkata na slikata, mislam deka e albanska peacka, no ne sum sigurna https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd...._=1434033030_b94fa06f69d528d955dfbc513fb1492d
Дали волонтерите треба да поднесат годишна даночна пријава? Еднаш кај нас во УЈП ми велат да, еднаш не. Додуша и овој службеникот што денеска ми рече да, труеше на ракија. Страмота.
Дали волонтерите треба да поднесат годишна даночна пријава? Еднаш кај нас во УЈП ми велат да, еднаш не. Додуша и овој службеникот што денеска ми рече да, труеше на ракија. Срамота.
@Leeloo да треба. Се што ти доаѓа како приход на сметката од некоја фирма мора да се пријави. Исклучок се само платите и пензиите (само и само ако немаш други дополнителни примања освен нив).
Сакам да ве прашам нешто, најдов една реченица ми треба за писмена незнаев каде да прашам ама мислам дека не смта тука. Од еден мислител мислам дека е Сезар Д'одедо вели: „Ништо не е толку слично на љубовта како зависта: поттикнувајќи завист е како да си вљубен.“ Незнам како да ја објаснам реченицава да кажам што се мисли со неа.. Може ли да ми кажете што мислите вие. Ми треба што побрзо ако може или во ЛП или тука плис
Јас мислам авторот сака да каже дека кога си заљубен зависиш од личноста која што ја сакаш,твојата среќа зависи од неговата и обратно,целата напнатост и возбуда кога си со него и кога не си,тоа е еден вид завист. Пример:Еден алкохоличар не може да си го замисли животот без алкохол,значи е зависен.Така и за љубовта,да сакаш толку што не можеш да си го замислиш животот без таа личност. Ако се водиме според мислењето на овој автор,најголема зависност е љубовта,без разлика дали е опишана како нормална врска,зависност поттикната од страв од напуштање,мала самодоверба и несигурност,страв од осаменост и сл. Впрочем се мисли дека повеќето врски на денешницата се врски на зависност,не само на огромна љубов. Јас така ја разбрав реченицава,може и да сум грешка и само да филозофирам
Луѓе ми треба помош... имам цвеќе незнам ни како се вика ни како се одгледува.... Вака изгледа едвај најдов и слика