150 денари ли беше ехото во ГАК? Утре треба да одам, ако е повеќе, да знам за повеќе пари да си земам. За со картончиња и здравствена книшка прашувам, не приватно.
Ми треба некој што знае бугарски, да ми преведе некое прашање. Не е толку тешко прашањето ама сакам да биде точно напишано
Феминки, дали знаете кој го подготвува Конкурсот за упис на факултетите? Која институција е надлежна за тоа? Ме интересира околу изборот на предмети за упис на факултет, прашав на факултетот, прашав во министерство за образование и никој не знае да ми одговори. Ме упатија да го чекам конкурсот ,меѓутоа тој излегува кон крајот на месец април мене ми треба сега да знам.
Хух, знае некој колку кутии цигари можам да пренесам у прирачен багаж - оној што се зима горе у авион, значи не се чекира доле? Две кутии цигари колку што е дозволено стандардно или можам да укрцам и штека? Или поарно ми е да ја спакувам штеката сепак во куферот кој се чекира? Ајде пушачи кои сакате да пушите поевтино у сРанство, сигурно си носите резерва цигари, помагајте
Jас си ги ставам во куферот, тој доле што го зимаат, а горе, во ташна, само 1-2 кутии носам . не сум пробала со повеќе. Mи ги имаат видено, не ми ги земале, само дезодоранси ми имаат земено A за цела штека не сум ризикувала
Па одприлика се знае на кој факултет кои предмети се бараат, на овие опшествениве правен, филозофски...бараат предмети од таа област (историја, социологија, филозофија), другиве на пример за природни науки бараат матматика, физика, хемија, биолгија, економски мислам математика или така нешто. Значи зависи од факултетот, која област е факултетот од таа област гладај да бидат и предметите. Убаво ти кажале во конкурсот ќе има точно, ама овогодинешниот излегува тогаш, еве ти некои постари конкурси разгледај ги слични информации и услови ќе има и нареднава година http://www.fakulteti.mk/upisi/2011-2012/konkursi.aspx
јас секогаш имав штека во куферот , и плус неколку кутии во мојот лиЧен багаж. За штека не сум баш сигурна . Срека веке не се замарам со цигарите
Според Закон можеш една штека само а запалка, зипо, шибица никако - тоа веднаш земаат. А ако е чартер можеш и повеќе во куфер на чекирање (јас лично сум носела по 4 штеки ) затоа што не гледаат многу многу
Да,ама мене ме интересира конкретно за медицински факултет, дали може наместо биологија-хемија интерно, да се полага биологија-физика?
Не не, тие безбедносни регулативи си ги знам на памет, нема гајле за тоа, знам дека не смее ќибрит, само цигари увек си носам горе една - две кутии. Арно ама сега ми испонарачаа па и за Скопје да им носам плус од Фри шоп - не контам зошто али ај да им ја исполнам желбата , и сега се думам. Дали штом веќе ги поминеш сите контроли (нели у Фри шоп што сакаш можеш да си земеш у авион горе) кога ќе се симнам после слетување да не ми ги земат штеките?! Ќе се самоизшамарам Фала девојки!
A зошто не отвори и не прочита? Еве ти Медицински факултет ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ-математика (основно ниво) или странски јазик ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ-за гимназија: биологија хемија или физика за средно стручно образование: биологија, хемија или физика еден предмет од листата на стручни предмети од здравствена струка (по стара или нова програма) Ете може биологија и физика, само друг пат подобро побарај.
Зависи, ако им текнало да те претресат... мислам дека до 2 штеки максимум е дозволено, мене среќа не ме имаат пребарувано после слетување А еднаш на дечко ми му се има десено, кога се симнал, го претресле во куферот, му нашле повеќе штеки ама не му ги земале Така да ризикувај, мали се шансите да те претресат кога ќе слеташ Стави си ги во куферот, облеката врз нив и ајт со здравје.
Ќе може ли некој да ми помогне да најдам електронско мени или слична верзија на некој ресторан, кафана... во близина на државна болница...немора да вршат достава на јадењето, само ми треба добра и квалитетна храна а и да има поголем избор, и да не е прескапо нормално? Само да не се МФЦ и Злате. Ви благодарам однапред.
Пирамидке зависи каде патуваш мислам. Низ Европа не прават проблем и за повеќе од две кутии, ама навака накај мене и те како проверуваат се. Така да јас лично не сум се осудила да си носам од дома цигари
Дали знаете каде можам да најдам онаква лента, нешто слично на индиго, што се става во машини за пишување? Имам една исправна машина, ама таа лентата е веќе потрошена и кога куцам буквите се бледи. Побарав во две-три книжарници, ама немаат. Имате ли идеја каде можам да најдам?