девојки итно ми треба помош! ми треба учебник по финансиски менаџмент од сашо арсов а неможам никаде да го најдам! значи барам оргинал учебник не копија или евентуално пдф верзија. ве молам доколку има некој од форум да ми каже дали продава ?? би благодарам Se izvinuvam sto i ovde prasuvam ama samo go kopirav od temata ekonomski fakultet, bidekji mi e e itno. Za pari ne e problem kje se dogovorime. Se izvinuvam pisuvam od mob
Дечки како можам да ставам на фб видео од комп.? Никако неќе, таман ќе се аплодира и после ми стига нотификација дека е избришано.
Знае некој од каде може да ги симнам office документите? Се утепав цел ден со тоа, почнува да ми станува итно па и trial верзија ке заврши работа... Фала!
Крајно ми е глупо што тука го поставувам прашањево ама во 'Тело' не можев да најдам конкретна категорија за ова што сакам да прашам.Имам нечиста кожа во пределот на градниот кош и деколтето и колку и да се дотераш и средиш пак боде очи.Ставав ланчиња еден период и викам ај од тоа ми било ама веќе еден месец со влажна се бришам и ставам крем и ништо. Ве молам помогнете ми
Бубаче,една моја другарка има ланче од Preciosa и задоволна е. Јас пак ги пеферирам Swarovski и повеќе ми се допаѓаат нивните парчиња и самиот дизајн ми е многу поубав.Досега неколкупати сум била во Preciosa со намера да купам нешто,но ништо не ми фати око. Ако немаш конкрентно парче што ти се допаѓа подобро оди и во двете продавници и размисли убаво. Се надевам дека ти помогнав
Привидно(симулирано) давање и привидно(симулирано) примање поткуп. Станува збор за специјална истражна мерка за која со последните измени на Законот за кривична постапка, наредба издава Јавниот обвинител, а може да ја превземе самиот или ОСЛ. Под технички обработени пари се подразбира претходно обележување на парите од страна на ОСЛ (Оддел за Криминалистичка техника). Најчесто, парите се обележуваат со специјални маркери (потпис или шифра) кои откако ќе се аплицираат се видливи само под УВ ламба или посебни прашоци за таа намена.
Си купив старки, пролет демек ќе сме имале, е арно ама пошто до сега не сум имала и не знам како да ги чистам.. Односно од ова белата гума како да ги вадам црните линии кои каде и да се допрам ми се праат.. Со влажни марамици нејќе.. Кој има искуство со старки нека каже како ги чисти ( секојдневно, не збориме за перење во машина) Фала
Машина за перење сестро друго чаре нема, или онаа четка за крагни (тврда како рибача) ќе ја натрлаш со сапун и ќе стругаш.
@Olgitsa, јас имам и бели старки, а затоа што сум фрик по чисто и мирисно, задолжително ги перам често со Вениш за бели алишта и тоа на рака, ги оставам да покиснат и потоа ги четкам со мало четче за тело. кжКако нови се се` уште. Флеките од гумата ги вадам со универзалка хоуммејд средството - сода бикарбона + малку лимон. Го потопувам ѓонот и четкам. Се чистат убаво, ама неспоредливо е со перењето. Мене ми е страв да ги пуштам во машина, се плашам дека ќе ги најдам партал направени и ќе го собирам платното низ барабанот. Затоа си ги средувам на рака.
Декоративно желе, по нашки кажано. Многу убаво изгледа во вазни и украсни садови. Јас задолжително потурувам вода, премногу ми е убав бамбусот за да си дозволам да ми угине.
Како да дознаам дали некој ми го прислушкува мобилниот ? Сега зборував на мобилен и почнав да си го слушам гласот мој од другата страна, не знам дали тоа има некаква врска
Дали некоја од вас ги има пробано ролатите во Рамстор? Се движат до кај 500ден, преубаво се украсени но по вкус дали се убави?