Бараш цело или мелено? Чудно како не си нашла, секогаш има во делот каде што се зачините. Има и во оние тенките теглички со капаче со дупчиња, а има и во кесички. Можеш да го најдеш и под име- мускантно оревче. Јас го купувам од Сп маркет, но сигурно го има Тинекс и Веро. Може требало од вработените да прашаш.
Па какво ќе најдам такво... Во бако прашав се чудеа што барам и ми понудија индиско. Па од страмот во бако ми беше страм да прашам во тинекс сама барав низ рафтовите... Фала ти многу на одговорот ќе го барам и на тоа име
Дали познавате некој кој поклонува персиско мало маченце. Неостварена желба ми е , но никако неможам да си го дозволам .ќе му подарам премногу љубов
Девојки бидејки се омажив личните документи ги сменив на презимето на мм уште пасошот ми остана, а ми важи уште 2 год , дали ке ми прават проблем (планираме на одмор да одиме) ако одам со тој пасош бидејки уште важи ама е со моминското презиме?
Смени си го со време, да не ти прават проблеми, во луда држава живееме. И онака за брзо време се вади, се закажува од денес за утре, а пасошот е готов за најмногу седум дена. @lovemme, барај како мускатно оревче, не верувам дека некој го знае како морско оревче, иако порано сите така го викаа. Дефинитивно има, и во ќесички, и во теглички. Јас сакам цело, со ренде, ако најдеш такво, кажи. Такво немам видено.
Сакам да прашам како можам да го исчистам мојот телефон од вируси...мислам дека е преполн кога ќе отвораам на интернет и ќе напишам да ми се отвори фемина или нешто слично почнуваат да ми се отвараат други страници кои нудат нешто за симнување кое е преполно со вируси...дел од сликите што ги имам не се како порано се појавуваат заматени. Симнав 2 антивирусни но пак е исто пробав да го скенирам ама пак е исто...Помогнете мии не знам што да правам
Едни балетанки ги носам година и повеќе можда и забележав дека почнаа да излегуваат едни долги железа, подизлегуваа јас ги поттурнував и пак излегуваа и на крај се нанервирав и ги извадов. Сега пак е лошо, некако како она баш боса да одам и ме болат нозете. Некој совет? Или да се фрлам на шопинг по нови?
Скоро во сите кафичи го служат.Ја го имам јадено во Цреша Бар,во Броз ,мислам дека и во Излет го има ...Секаде го служат доста актуелен е .
На доста места ги има, моментално ми текнува на Цреша бар, Бруклин во Сити Мол, Кафичот во Рамстор што е на влезот кај Спрингфилд, не ми текнува како се вика и тн. Го имам пробано тој од ф'стак и имаше вкус на марципан. Многу го сакам тој вкус ама очекував нешто друго. За другите вкусови не знам да кажам.
Малку швркнато прашање, ама ме интересира жената после пораѓај за колку време ја пуштаат од болница, и за колку време е способна да се движи, т.е опоравена, т.е не знам како да се изразам, мислам ме сфативте