Ако не успееш да ја средиш, можеш да ја вратиш во рок од 2 месеца мислам беше откако си ја купила и да ти ги вратат парите. Во случај да не ти кажала таа што ти ја продала. А може и да ти ја замени за нова.
Има еден часовничар во ГТЦ, мислам на први кат, се наоѓа во пролазите од страната кај што е Манго. Не зннам точно кој пролаз, ама лесно се наоѓа, има натпис /casio, менуваат батерија за 100 денари.
Во Зегин ги има и на парче , едни француски беа , мислам дека не беа повеќе од 10 ден од таблетка , се пијат еднаш дневно
Ај ве молам пишете кога ќе се породи Кејт, прицезата англиска Не знам, оти ама ми е многу интересна таа фама на англичаните со раѓањето на наследниците.
Какаото многу помага. Свари си какао пола саат пред учење, ем природно ем вкусно И гледај да учиш во дел од денот кога си посвежа, одсабајле или после школо. Навечер е најлоша опција. Исто така исклучи се што би можело да ти одвлекува внимание: компјутер, телевизија, радио...Мене отсекогаш ми одговарало учење во тишина.
Девојки знае ли некоја од вас како се вика овој материјал, или сепак да објаснувам што барам? И доколку сте виделе во Скопје каде се продава, би ми користело aко ме упатите таму. Spoiler
Поминува се се сешто за рекламација искрено колку пати ми враќале отворени маскара и креми за лице и јас ги враќам во авон. Да не им ги плаќам јас случајно. не работам за џабе.
Има и едни таблети персен, претежно сите витамини од групата Б можат да ти помогнат. Пробај дали повеќе ти одговара учење во потполна тишина или со музика. Пиј кафе . Мене ми помагаше Ред бул ама немој да претераш, тоа не е долгорочно решение, туку ако треба да протуркаш недела дена со турбо учење.
Девојки ми треба неколку препораки од девојкиве што изработуваат цветни венчиња и круни по нормални цени? Прашав во La Martina Monroe ама цените и се виоки до плафон,ми треба нешто слично ама по пристапна цена? Тенк ју
Цветни венчиња барај на фб - Весна Спасовска. Прави китенки и се за свадби, не ич скапо. За круни не знам, прашај.