Знае ли некој колку чини еден грам злато моментално зашо нели цената се менувала или како и да е..сакам да продадам еден прстен..Нека ме просветли некој
Дефинитивно е sequin fabric (освен шљокици, не можам да се сетам на друг назив). Тоа се лентички sequins шиени на материјал - основа. Зависно од квалитетот на основата (може да биде тул, жерсе, шифон, свилен шифон...) како и големина, форма, сјај и материјал од кој се направени шљокиците (не ми се допаѓа зборов), овој тип ткаенини може да изгледа од од божествено до крајно кичесто. За овој ефект, како на сликата, побарај материјал со мат или полумат sequins (втората слика). Одблесокот на светлината ќе биде поумерен, а со тоа и крајниот впечаток е попријатен (барем за мене). Исто така (ако не се предомислиш после мојов пост), внимавај и на начинот на кој се шиени самите лентички. Ако се во редови, поголема е веројатноста, уште при кроење да почнат да паѓаат, а понатаму и при носење. Најубаво е ако се шиени во виуги (како на сликите подолу). Размисли исто и за одржувањето на парчето облека од ваков материјал, најчесто се препорачува да се носи на хемиско, а понекогаш може и на рака со некој благ детергент и задолжително превртени навнатре. Инаку, голема е веројатноста на Женски пазар да има од овие материјали, ама не знам со сигурност. Спојлер *Ако јас не те предомислив, може Омни ќе се појави од некаде да ја објасни неговата теорија дека врски се ракинуваат поради фустани со шљокици.
Девојки ве молам за одговор значи итно ми е преитно Вака,знам дека Скопје некаде имаше продавница каде што се продаваа пехари и можеше да се изграфира нешто пример : За освоено прво место во моето срце....бла бла.. Дали некој точно знае да ми каже каде се наоѓа таа продавница и отприлика како одат цените?
@jovanovska94 @do-re-mi Ваков материјал има на Женски пазар во различни бои. Цената е 200-300 ден. за метар. Инфо: Ова парче би го вброила во темата Облека која никогаш не би ја облекле Не можам да се замислам во вакво "модно издание".
Во моментов ми текнува само на Агенс, главната канцеларија им е во градски ѕид, блокот каде што е Космо Тинекс, пред полициската Беко. Имаат штанд и во Рамстор.
Ако добро се сеќавам има и во редот на Голден Роуз на Рекорд неколку продавнички полево, а за цена појма немам.
Не се сеќавам,ама не можеш да ја утнеш ако одиш до Собрание.. До неа има продавница за перници, прекривки итн.
кoјa ценa е декoдирaње телефoн и дaли ќе ми биде фoрмaтирaн вo смислa нa дa ми се избришaт документите и aпликaциите aкo гo декoдирaм?
@do-re-mi ти благодарам. Бидејќи станува збор за долг фустан (а јас сум релативно висока девојка ), имам чувство дека би изгледала како диско- топка, додека маица или сукња ми изгледаат баш интересно. Јас имам замислено материјал кој е ликра, со нешто како ленти проткаени низ самиот материјал. @poenta ако мислиш на моделот, секако дека ке го модифицирам фустанот за да изгледа пристојно. Со деколте до папок и делот што се влече, дефинитивно не би се појавила пред "народ".
@Madam-A Цената на декодирање на телефон зависи од моделот. Обично од 600 ден. па нагоре. Јас кога декодирав телефон документите и апликациите останаа потполни. Сепак, прашај си пред да го дадеш за декодирање. П.С. Ознаката ми се допаѓа е по грешка
Мене еден за 200 ден ми декодираше се наоѓа во центар кај Сафари агенцијата односно кај школото Браќа Рибар. Аверс се вика ама не сум сигурна дали тоа го прават. На ќошето е после дуќанот за козметика што е порано беше Јуник точно пред влезот за Собрание спроти Жена парк
Појма немав каде да го сместам прашањево....Препорачајте добро инстант кафе од тоа во гранули...? Да сменам малку од Нескафе и Јакобс.
Девојки можеби некоја знае...дали во продавничката за бои лакови и такви работи спроти пазарчето буњаковец има спрејови во боја?? и како им се движи цената на истите?