Оваа цена е за во приватна исто во Максим ,а јас сакав да направам испитување да не имам некое хормонално пореметување ,затоа што имам проблем со акните во пределот на образите само , ама не ми кажаа кој хормон конкретно треба да го испитам
Тоа ќе ти каже ендокринолог, бидејки не е едноставно, туку испитувањата се прават на одреден период од циклусот, зависи од хормонот. Правец на ендокринолог, тој ќе те упати точно понатака.
До колку работат утре поштите, конкретно таа во ГТЦ што е (ако воопшто имаат различно работно време )?
Се надевам ќе ме разберете за што прашувам. Неможам да најдам од оние метални кутиички за влошки, барав во кам,тедико,тинекс, уште во веро да побара...незнам дали со always или пак со everyday,не се сеќавам со кои влошки одеа.Дали имате видено и каде?
Минатиот месец видов со влошките Лајбрис, ама продавачките ги вадеа надвор металните кутивчина. (ги земаат за себе). Иначе немам нигде сретнато, ниту како гратис, ниту како посебно да се купат.
Да, можеш (тоа е целата финта наместо да одиш до банката со налог, преку е- бенкинг плаќаш-префрлуваш сре-ва, а кога можеш одиш и само потпишуваш налог заради формалност)
Мммм.. ај ако некој знае нешто околу абсинтот или имал искуство со него да ми пише ЛП ... да знам што беља сум направила.
Мисли на Libresse, јас лани во Веро начекав економично пакување со кутија и супер ми се наоѓа, инаку за такви работи во Веро, Тинекс или Рамстор, инаку по маалските дисконти прават малверзации, малограѓанштина невидена! Највизуелно изгледаат вака: и со кутија
Изгор алкохол. Ако ти кажам, една вечер лани летото кога цело друштво пиевме апсинт, сите завршивме неславно. Следниот ден никој не знаеше што се случувало.
Девојки линк од онлајн речник со поголем фонд на зборови, ми треба за постручна литература. (англиско-македонски) Овој на idividi ми е супер ама има ограничување некое
Дечки сакам да ве прашам ова кинескиве продавници (поточно Гари на Џон Кенеди што е) работат ли денес?? Ај ако знаете известете ме пошто планирам со сестра ми да одам денеска да видам шо како има
@ Chivas Книга во пдф формат можеш да ја конвертираш, само ако ја имаш во компјутерска (Word) верзија. Ти треба пдф конвертор за тоа. Не знам дали имаш? Доколку не, можеш да го симнеш од оваа страна: http://www.dopdf.com/ Откако ќе го инсталираш, го отвараш зачуваниот документ- книгата, во File горе во опциите ќе го најдеш Print - кликни на него. Ќе ти отвори прозорче, каде имаш опција да избереш принтер за да се испринта документот. Ти избери: doPDF v7, па кликни на ОК. Ќе ти се отвори друго прозорче, ќе кликнеш на Browse и ќе избереш од опциите, каде сакаш да го зачуваш документот (книгата)... пример нa Desctop. Кликаш Save и тоа е тоа.