Ќе одиш во БЕГ да ти ја пребијат со наредната сметка. Ако наредната ти е поголема, ќе доплатиш, а ако наредната ти е помала, ќе ти минусираат и за таа сметка што следува после оваа од која треба да ти пребијат пари. Моите родители така имаа дупло платена сметка за струја и од искуство ти кажувам.
Мислам дека треба да пополниш барање за полномошно, плус лична карта твоја и од лицето чиј полномошник ќе бидеш, и заедно треба да одите во банката. Одма ќе ти дадат картичка за полномошно. Бар така беше пред пет години во Комерцијална. Прашај си во банката каде што е отворена сметката.
Не знаев каде да пишам,па затоа во оваа тема ќе го поставам прашањево.Веќе 3-4 дена устата ми е испукана и никако не поминува. Правев пилинг за да ги отстранам мртвите клетки и полесно да впие балсамот,немаше ефект и потоа со памук тапкав кантарионово масло,но и тоа нема некој ефект. На долната усна имам 2 пукнатини и боли ептен,нит да се насмеам,нит да зборувам можам. Некое друго чаре знае ли некој?
Немој да ставаш лабела. Докторката на кожно ми рече скроз да ги исфрлам од употреба, и да ставам бадемово масло (затоа што е добро за исипи, сува кожа) и најобична витаминска бебешка крема. Јас ги мешам двете и ги ставам заедно.
Би требало да може на двајцата. Прашај си за најсигурно во банката. И плус имаш полномошно посебно за денарска, посебно за девизна сметка. Јас такви имам.
Ме инстересира дали има автобуси/комбиња (а верувам дека има) од Гевгелија до Дојран, колку се редовни и колку чини карта?
http://www.silikomart.com/blog/wp-content/uploads/2013/01/macarons4.jpg каде можам да најдам вакви во скопје
^ Има во сити мол.На приземје , на средина од ходникот , мислам дека Aко грешам , нека ме поправи некој
Ми треба добра мобилара во Скопjе. По можност ако знаете некаде Аеродром или Центар. Ми цркна микрофонот на еден телефон па да го поправам. И колку би ме чинело тоа?
Има, само не е посебна продавница, туку има штанд во продавницата Attica, на влезот, кај останатата козметика