Гледам на iHerb козметика на E.L.F која е прилично ефтина. Кажете ми збор два за квалитетот ако имате искуство со козметикава?
Девојки помош!! може малку е глупо прашањево ама...На фб кога ќе стиснам на search ми покажува све што сум отварала, т.с. пребарувала и страни и личности...Како да избришам тоа?
Луѓе во Цреша имам одено многу одамна со такси , не запазив точно каде е . Може ли некој да ми објасни подетално, јас знам само дека е во дебар маало и дека беше во едно улице од десна страна .Ајде некој ако бил нека ми каже.( од кај да фатам за да стигнам до таму , по која улица на пример, или што има во близина).
Оди на твојот профил во activity log потоа од страна ќе ти се појават наредени што да пребаруваш photos, likes, cooments на тој дел стисни more... и кога ќе ти се отвори надоле стисни search и избриши си ги, од страна имаш за бришење или ако сакаш да избришеш се стисни clear searches.
@abcde Слободен превоз за патување со воз за студенти има секој трет викенд во месецот. Тоа значи дека овој викенд е бесплатен.
Минатата недела бевме на плажа, и сонцето ме изгоре, ајде ми помина црвенлилото, ама кожата почна да ми се „лупи“, грбот и рамењата ми се „лом“. Некоја помош да прстане да ми се лупи кожата???
Нема лек ако почнала да се лупи.Тоа е оштетен изгорен слој кој мора да падне.Мачкај се со некое млеко кое е доволно хидрантно да ти ја обнови кожата.И внимавај не е здраво да се лупиш.
Како замена за крем сирење и павлака е?Aко може по детално објаснување ве моламБлагодарам @Ginger^ Улицата е "Иван Милутиновиќ" бр.8 Карпош 1 (така ми кажа Гугл,позади Градежен факултет мислам). @senza.parole Гтц и Веро Џамбо за други не сум сигурна.
Ова недела е трет викенд за млади ( петок, сабота и недела) до 27 години. П.С За студенти колку што знам секој четврток со воз е бесплатно.
Колку што знам јас има во ГТЦ,Веро Џамбо,на рекорд поранешно Unique,накај рампа од десна страна кога одиш накај Кисела Вода
Дечки дали некој знае цвекинја природни ама не од цвеќара бидејќи ми требаат многу кај можам да најдам?
Мене пак ми кажаа дека е од спротивна страна на градежен. Во уличето кај автобуската, перд вили, Ајде ќе проверам . Фала сепак.
Ќе патувам со авион па се мислев дали смее да се носи електричен депилатор во рачен багаж бидејќи нема да носам куфер? Ама некој што е сигурен да ми одговори бидејќи не ми се ризикува да го оставам на аеродром.. И дали смее цигари?
Смееш да ставиш депилатор во рачен багаж, тоа не е никаков проблем. Не смееш само течности, односно до одредена граница, зависи од компанијата. А за цигари мислам дека смее само една штека. Дечко ми последните неколку пати носеше две штеки во рачен куфер. Одеше кај другари, па од тука им носеше, дека таму се скапи. Само ги растура кутиите по цело куферче, да не биде ептен забележливо кога ќе отворат. До сега не му направиле проблем никогаш и никаде. Па сега ти одлучи си дали ќе ризикуваш.