А да го оставите во хотел за кучиња. Спојлер: da ne ispadne reklama http://oglasi.kajgana.com/oglasi/pr...erinarna-ambulanta-pet-shop-hotel-za-milenici
Ако патувате во Македонија треба да ги прашате сопствениците на сместувањето каде ќе одите. Хотелите во Македонија не сум сигурна дали се анимал френдли. Доколку патувате во странство кучето треба да има пасош. Во странство е малку полесно да се најдат хотели кои дозволуваат домашни миленици. За приватно сместување не знам. Понатака, треба да се информирате за процедурата на внес на животни во земјата каде ќе патувате - на пр. во некои земји е задолжителен карантин за сите животни при влез во земјата.
Аха. Како ќе знам кои дозволуваат животни. Дали такви инфо имаат агенциите, на веб стр на хотелите. Ии ќе може подетачно тоа за карантинот. И најглавно прашање како да го пренесам...немаме автомобил. Леле ама е комплицирано
Уффф мислам дека превозот е најголем проблем во случајот. Врска немам дали агенциите дозволуваат животни во нивните чартер превози - автобус или авион. Најдобро е директно да прашате во агенцијата преку која планирате да патувате. А хотелите тие информации ги поставуваат на нивните веб страни. Мислам дека на booking.com на профилите на хотелите стои таа информација.
@Chimera Бит пазар, одиш кон женски пазар го узминуваш и право на крајот од улицата има една продавница со скалички за накит а лево од нејзе има магацин за шнајдерски работи, цвеќина, мониста се и свашта. Има голем избор на цвеќенца.
Девојки, знаете ли цвеќара или некоја сигурна веб страна за подароци која врши испорака во Скопје? Не сум дома, а итно ми е! Фала однапред
Не знам дали ми е за тука прашањето, ама ако не е - нека ме избришат: Порано на home-page-от од форумов (можеби долу некаде, не се сеќавам веќе) беа наредени родендените на членовите, па да може да се честита, нели... Што се случи со таа опција?
Сега горе од лева страна кај што има силуети на човечиња на тоа кликни кај што пишува Истакнати членови и таму од десно има на кого му е роденден.
ИТНО ПОИТНО НАЈИТНО! Каде да најдам шнајдер што знае добро да тесни фармерки (женски) ? Ви благодарам на инфово феминки.
Дали ми е крејзи идејата:со татко ми ќе играме фудбал во паркот,то ест ќе ме учи на некои техники од фудбалот,а и јас фудбалски дрес ќе си носам...м? Не е чудно фудбал да си играм?Дека сум женско де... И тоа не е се'! Го знаете Тед мечето од филмот Тед,така? Е како Тед оди до WC,а толку многу пива имаше испиено во првиот филм?
Препорачајте ми некој шампон што не ја суши косата, но не ја ни мрси. Да и дава убав сјај и да има убав мирис? Итно ми е. Инаку ако прашав по таму некоја посебна тема за одговор ќе чекам неколку дена. Извинете.
Имам едно прашање сакам да формирам кошаркарски клуб во битола е сега ми фали група на сениорки дали има заинтересирани да тренират кошарка над 18 год ако има ве молам инбокс