Зошто ми се направи вакво празно место и како да ставам таму некои икони. Значи не ме сфакајте погрешно после тоа имам уште едма цела страна со икони
Ќе стиснеш на иконата што сакаш да ја преместиш,ќе задржиш и после ја носиш таму кај што сакаш да ја ставиш.
Девојки, да не знае некој каде можам да најдам книга на старо? Земав од другарка да ја читам па помина долго време и неможам да ја најдам..и сега морам да ја купам
Девојки има ли цвеќара во Автокоманда и ако има каде точно? Веро Центар (кај железничка) до колку работи во недела, конкретно маркетот Веро?
Девојки, само што го купив мобилниот, го скршив и душава ме боли.. Microsoft lumia 535 e и никаде не поправаат за испод 5000.. Да не знаете каде би можела да го поправам за помалку?
Ако е скршен екранот за жал нема да најдеш за поефтино. Екраните се скапи на овие телефони, плус минус 500 денари може да варира од сервис до сервис ама повеќе не.
Сакам да префрлам слики од мобилен в компјутер, пробав со сите можни каблиња и ми излегува на My computer, отвара се, и во Camera излегува дека е празно. Ви се случило?
Има две, на самата автобуска спроти Алкалоид, и малку повнатре во трговскиот позади првата цвеќара. Веро работи секој ден од 10-22.
Која експозитура на комерцијална банка работи во сабота до покасно? Прочитав на нет дека во Сити мол работи до 19h, но на страната на кб нема ништо за тоа.
Девојки вечерва одам за Грција на 2-3 дена. Не знам каде ми е листето од лани, кај што ни ставаа печати (нели не ставаат на пасоши). Дали некој знае, ќе ми прават проблем?
Нема да ти прават проблем, ќе ти дадат нов лист. Барем јас стално во Гр кога одам го заборавам листот и постојано ми даваат нов
Дали се наога вакво нешто во грчкиот лидл? Сликава е од нет од германската страна на лидл ама сумљам дека ја имаат истата роба.