нема ... само на некои места може да ти побараат да не е постар од 6 месеци ... али тоа само ако им е наведено така во барањата ако не можеш од било кога извод да покажеш
Битпазар, кога ќе влезеш во женскиот пазар по уличката со коцка накај полицијата, има дукани за џиџи миџи, копчиња, патенти и свашта.Во едното од нив се продава мислам на парче.
Не знам дали ќе можеш да ги користиш и за очи, јас не би ризикувала, но за нокти се одлични! Ги имаш во Џамбо, доле во одделот кај што се продаваат нешта за детски DIY - кутии со монистри, светки и разноразни лепила и сл. Спакувани се во мали, проѕирни целофани и во едно пакување има 5 или 6 различни бои. Не се скапи, околу 80 денари се максимум и сигурна сум дека ќе ги најдеш, зашто нема други такви како нив.
Јас моите светки си ги чувам во кутивчиња од прстени или обетки кои не ми требаат повеќе. Или во такви со плутена тапа, од потрошени акцесорис за нокти, тие ги купував од Битпазар, во делот кај козметиката и беа многу евтини.
IELTS е потежок. Зависи за кај ти е потребно да докажеш познавање англиски. Ако аплицираш на пример за канадска или австралиска виза мораш IELTS. околу 130 ден http://doma.mk/artikal.aspx?ArtikalID=2856
На тоа ливче е бројчето што одговара на другото ливче ставено заедно со нејзините рамки. Ако е запишана со име и презиме, нема да имаш проблем, ама ако не е, не знам дали ќе можат да најдат за кои рамки станува збор. За тоа е ливчето, а не за друго.
По нозете на некои места сум искасана од комарци. И кога сум се чешала малку сум ги раскрварила . И ај што помина тоа..ама сега имам како дамки по нозете од комарците..црвени ..многу грдо изгледаат.. сега баш пред одмор.. не сакам да ми се познаваат..има ли некој препарат за ова?
Треба да вадам извод од матична книга на родени за татко ми, но тој не е во можност да оди. Дали мора да биде лично или можам и јас?
Немам, фалабогу не притребала..ама ќе купам ако помага.. Фала. ептен грди ми се сега нозеве, од чешање..како флеки..
Да споделам нешто. Денеска од татко ми слушнав некој негов другар го изиграле, така што се допишувал со некоја девојка малолетна на фејсбук, и нешто го предизвикувала, да се соблекува и тн.. е сега после 2 дена го бараат и го уценуват дека доколку не им даде 1.000 евра снимката ке ја пријавиле во полиција, и ке ја ставеле на јутјуб. Сигурно дека повторно би му барале пари . Што мислите вие ? дали ќе може баш да добие кривична пријава? дека секак била "малолетна" што мислам дека сигурно било лажен профил. Не ми е за него,кога знаел да се соблака и да се иживува, туку ми е за неготово семејство. Тој 1 ги издржува останатите. Што мислите за ова?