Не знаев каде да го поставам прашањето па затоа тука. Ако знае некој може да го премести во соодветната тема, ако не кој знае нека ми одговори. Дали има некакво средство протви пајаци, за дома?
Менувачниците во Центар и низ ГТЦ до колку работат? Освен во Рамстор и Сити Мол, други што работат до покасно?
Од мобилен кога ѕвонам на фиксен пр: 02/1234-567 и ми треба лок. 123 нели си ѕвонам стандардно и чекам да кренат па да побарам да ме поврзат со тој локал ? Зашто упорно два дена ѕвонам и не крева никој после 30 сек, повикот ми се одбива.
@marina22mk За вадење на документи од матична служба мора лично и со лична карта. Ако татко ти не е во можност да оди, треба да ти даде полномошно заверено на нотар. Во самите простории (канцеларии) има истакнато известувања за лично присуство.
@cloud на телефон не одговараат, напиши им мејл заедно со бројот на картата кажи им дека си утнала една буква и ке ти го сменат. само преку мејл @Oscar Lady Fenistil - Доаѓа или како стик или како спреј, предобар е.
Во кисела вода кога доаѓаш од центар накај Кисела Вода последни станбени згради од лева страна по улицата Тодор Александрв главната или пред школото Круме Кепевски лево и првиот кафич е ГЕТ
Имам едно прашање. Пасошот ми истекува во септември а сега на 19јули треба да одам за Грција на одмор. Дали некој има инфо околу тоа колку месеци треба да е важноста на пасошот, да не случајно не ме пуштат на граница!?
Важи до денот на истекувањето а треба да пријавиш за продолжување еден месец пред да ти истече. А важноста му е како што напоменав до денот на истекот.