Не за тенот, веќе ми е бел уште тоа ми фали. Само дел од лицето, и тоа бело, баш бело, креч. Ќе ми стои ли пудрата против сипаници доволно долго? Да не испукува? Инаку, да не се чудите, се ближи први април, се надевам дека ќе успеам во намерата.
Вчера на радио слушнав дека на 31ви Март Мирослав Илич ќе има концерт во Скопје во Универзална Сала па сакам да ги изненадам моите и да им купам карти затоа што многу го обожаваат, па дали некоја знае од вас колку е цената на картата?
Абе го фатија избеганиот,луд и опасен пациент?! Се плашам дека ако се сретнеме очи у очи нема да го препознаам дека е луд и...опасен. Многу луѓе се такви,па уште не се у Негорци. Или ќе почне лудачки да ми ја душка косата?! Па ни слика не кладоа да го видиме. Ал сериозно прашувам. Го фатија или не?!
Девојки дали знаете некој кој прави штикли по порачка, какви сакам и каква боја сакам. Доколку има некој што знаете пратете ми бројче во лп
Ај некоја феминка нека ми препорача теснење на фармерки, панталони кај има ефтино? имам едно 3 пара ама па сегде кај што прашав по 200ден. е теснење.. многу ми се фаќа ако знае некоја негде низ Скопјево каде има поефтино нека пише ЛП
Луѓенца ми треба итна помош. Каде се наоѓа главното претставништво на Кока Кола? И има ли шанси некој од вас да успее да дознае кога последен пат имало наградна игра од Кока Кола во В.Британија? Кога викам последен пат мислам негде во изминатиов период. Ако не ве мрзи да прочепкате по нетов и да ми помогнете би ви била благодарна . Може и во ЛП да ми пишете ако дознаете нешто
Претпоставувам прашуваш затоа што ти стаса порака на моб , демек од Кока Кола нешто Истата стаса и кај татко ми на моб . кога ја проверив адресата не постои .Остави ја кизнеј што е ....
Ако прашуваш за играта,и на тато му стаса,глупости живи се тоа,ама изгледало многу уверливо,дури ти викале дека адвокат ќе имаш за парите воа ноа...
Оф ќе си умрам од мака Сега во телефонов нешто чепкам и стискам за да отворам мемориската картичка и ми пишува : Непрепознаено.Да се форматира ? И стискам не,и нејќе да ми се отвори мемориската..а во натре имам еден куп слики, песни и ако стиснам да се форматира се ќе ми се избрише.Знаете ли некој начин да ми се отвори мемориската без да ја форматирам ?
И мене ова ми се има случено. Проблемот беше што јас мислев дека поддржува толку меморија мојов телефон, а всушност испадна дека не поддржувал.. Пробај исклучи го телефонот, извади ја картичката па врати ја и пак пушти го. Ако пак не ја препознава, поврзи го телефонот со компјутер и пробај префрли си ги работите ако може. Друг начин не ми текнува во моментов..
СДП дали некој знае како да го обојам глицеринот но да не исгуби на густина т.е. да го обојоам со некој цврста боја
Сакам да прашам до кога растат стапалата? Од 7мо одд носам 35, а во висина си растам. Дали уште ќе ми растат или?
Растев ама не многу Е и јас не сакам 35ка да носам ама се наоѓа чат пат. Не е животов баш касни - порасни