Зависи од каде ја зимаш... Во Њу Јоркер би те коштала околу 1000 денари зависи дали имаат попуст, 200-300 денари погоре подолу тука некаде се...
Како најбрзо да најдам стан за изнајмување, умрев по огласиве од интернет, ако има некој контакт или нешто, барам нешто нормално, просечно за четири члена фамилија, 50 - 60 квадрати, ама цената ми е најважна, околу 100тина евра, до 140 - 150 ? Знам дека становиве одат многу поскапо, 200, 220, 250...ама итно ми треба нешто со ваква цена, за подолг престој.
Тешко, да не речам невозможно да најдеш стан (во Скопје) со толкава квадратура, па и толку ниска цена. Речиси секаде минималната цена на киријата е 200 евра, гарсоњерите се можеби поевтини (и тоа многу зависи од локацијата), но премали се за четиричлено семејство, а и моментално цената им е повисока.
Луѓе, денов ми стана сра*e поради утринската пошта. Ни стаса од Министерството известување дека сме одбиени за субвенции, поради тоа што некоја од нивите ја надминувала максимално утврдената квадратура?! Јас не сум баш во тек, првпат слушам за ова, а и минатите години субвенциите се земаа за истите ниви. Жалба е единствено решение или? Ве молам просветлете ме
да жалбата е единствен правен лек колку што имам слушнато, се доставува до понискиот орган доколку таму не се направе ништо се доставува до повисокиот орган, колку јас што знам..
отидов во темите за коса и секаде се фарбана коса, мрсна коса ајде тука ќе прашам. Пола коса ми е права а пола кадрава/виткана, мислам одозгоре права а под тоа виткана и морам или горе да ја виткам или одоздоле да ја пеглам, некој шампон нешто да ми препорачате или незнам веќе што д правам
@marijaaxl Пробај со опие два шампони од Авон менее ми ја исправуваат косата , и пред фенирање испрскај се со овој спреј
Ja ima vo pogolemite marketi: Vero, Tineks, SP market, Ramstor. Stoi kaj zacinite. E za cena ne mozam da ti kazam.
Во сабота ке патувам со авион, картата ми е резервирана уште во јуни и сега сакав да ја чекирам ама ми пишува дека на овој аеродром не е овозможено онлине чекирање, а другите што ќе патуваат со мене си ги чекираа картите. И сега кај е проблемот? Знае некој?
за колку пари поправаат сребрен накит? На ланчето ми се скрши тоа делчето кај што се закопчува, па сакам да ми стаат ново
Вака, ќе те ориентирам како кога би тргнала од плоштад, од кај Тренд и Лондон. Треба да продолжиш по таа уличка што е десно од Лондон и да одиш до крај. Целата таа уличка се вика Максим Горки, а на самиот нејзин крај, на десната страна на аголот има кафич. Таму е Горки
Фала . Ама јас не ги знам тие места што ми ги пиша сега. Неодамна се доселив во Скопје Пола живот во Италија го живеев,затоа . Ама сепак фала
Напиши на мапс ул. Максим Горки и ќе видиш каде е. Ќе се ориентираш по нешто. Во близина на Соборниот Храм е. Ако немаш на телефон, напиши на Гугл ќе се снајдеш некако.
Населбава во која што живеам до скоро беше со јами, а од пред неколку години сме приклучени на канализација. Е порано многу од луѓево си направиле полски клозети и сега си имам мака труе, не мириса туку труе. Ги замоливме комшииве да го средат тоа ама освен што ни замачкаа очи сеуште ги користат и сега дека лето труе уште повеќе. Дали има можност да се среди тоа преку пријава, што и да е?