а да се смириш на почекаш малку и да не изиграваш супермен... збори со нив, за да не дај боже не настрана на крај кучето. И неможеш да ги пријавиш на инспекција, туку на полиција за нарушување на јавен ред и мир, но тоа друга работа...
да се смирам ааааааа епа мила зборевме цело мало со нив веке не помага а еднаш да ти рипне така па нема да советуваш за смирување а шо може кучето да настрада повеке од шо е болно брееее , па ако е животно не значи дека треба да го остават на немилост ако не се способни нека не чуват
добро океј прави како сакаш, само барем информирај се прво, 24 години ако имаш треба да знаеш дека инспекции не се викаат за ракви работи. Јасно ми е исплашена си, нервозна, неспиена. Пријави во полиција за нарушување на јaвен ред и мир или пак попаметно пријaва ги за држење на куче во несоодветни услови во онаа организација за заштита на животните Срна мислам дека беше, нека каже друг ако грешам, ќе го згрижат кучето, ако ништо друго....
Најдобро е да се пријави во здруженијата за заштита на животните, незнам колку некој друг би направил нешто во врска со ова.
Дечки дали има некое место во Скопје што издаваат соби за неколку вечери? Поевтино... на пример како во Охрид и Струга што има на лето 300 денари од вечер. Или некој дом, што било...
Се надевам за тука е прашањево,не знам кај да прашам .. Дали во аптеките кај нас,освен лабела на Мелем,има и други производи од фирмава? Уствари се едниот ист производ е,само во друго паковање,ама не знам како да го објаснам. За производиве зборувам Anyone?
Да не знае некоја кога е светскиот фестивал/журка Tomorrowland?? нам дека трае неколку дена ама кога почнува?
Баш прееска разгледував на странана за тргување Пазар3, и во категорија вили наидов на куќа која се изнајмува за преноќување или за неколку дена. Цената и беше 25 евра ако добро запамтив. Прочепкај по странава на пазар3, од брачни понуди до продажба на пенкало, секакви понуди има
Девојки ако сум мало, ситно ама многу цврсто газам, значи се слушам на едно 10,20 метри. Е дека газам цело време на пета и сега дека преминав на балетанки ужасно ме болат петите. Кога носам високо немам проблеми ама на ниско умирам. Знаете некое чаре?
Почни да си вежбаш помеко газење, тоа ти е чарето. Не е нешто што не може да се промени, а ти ствара проблем на петиците, плус погрешен од влијае и на ’рбетот и целосното држење. Вежбај си да газиш помеко, а може и да повежбаш таи чи (би требало да има видеа на интернет) - зачудувачки многу помага за исправување на одот.
Јас немам проблеми со држењето, си одам нормално, право и рбетот ми е океј ама ете кога одам ко слон да оди, а кога ќе се појави мравка
Ве молам за помош!!! Каде има долги навлаки за капут долг и фустан, не од оние 1 метар(ги најдов) него 2 метри. фала многу