Јас имам правено, не на кичма ама не боли воопшто и нема од што да се плашиш Се надевам се ќе помине во најдобар ред и ќе имаш добри резултати. Не се плаши
Ako e rengen nisto ne e, vleguvas vo prostorijata vadis se metalno sto imas na tebe, ke te doblizat do aparatot i ke te sliknat 2 sekundi trae toa. Ako e magnet, a si klaustrofobicna ufff gospod na pomos!
Имам едно прашање. Може малце глупаво. Имам златна гривничка тенка одприлика колку ќе ме чини да ја продадам во златара? И после кај одат тие работи што ги продаваме во златара?
Зависи колку грама е, незнам сега колку беше 1 грам, нека каже друга членка. А инаку работите што ги продаваме во златарата мислам дека остануваат на исто место, па тие ги препродаваат поскапо од цената која што откупуваат.
И мене ме боли таму кај крстот, но мене ми е од тоа што на тренинг правевме вежби за стомачните и тоа на тврдо, па ми се разрани таму кожата и ме боли ептен и кога седам и кога одам. Но, според тоа како ти опиша, изгледа те боли внатрешно. Пробај мачкај се со оние како кремови природни што се, како коњска маст или нешто слично, нека ти направи некој масажа...
Со оглед на тоа што златото е мн.поскапено иако е тенка би требало накај 2000-3000 да ти е може и повеќе , да ти фати а нема врска што е без делчето за откопчување тие и скинато да е ги лепат или ги полираат и ги преправаат си прават ново злато со друга форма на гривна или ланчиња.Незнам има разни тенки гривни може 1500 ке ти фати може над 3000 зависи.Инаку грамот е 2000 денари мислам. @BojanaLegija Се надевам хаха.
Членка погоре кажа дека ги препродаваат па ми стана чудно оти лани пак менев две различни обетки ми дадоа 700 денари, и тие не беа нешто тешки, гривнава повеќе би коштала или?
Па може и ги препродаваат иако не верувам , го топат и прават ново злато , незнам да не се биле ептен мали обетките би требало да ти фати повеќе , продај го па кажи ни колку фатило.Или сликај ја гривната па ке ти каже некој,ако е од кога си била мала оние тенките ко лист 1500-2000.
Какви 3000 шанси нема даваат минимална цена ако ти си ја купила 3000 они ке ти понудат 1000 ка максимум откупот е многу безвреден за разлика да го купиш златото после или ги претопуваат па прават нови производи од стопеното злато или ги препродаваат иначе нема врска што е без тоа за закопчување , по грамови ти мерат злато не знам точно грам колку е ама знам дека у стара чаршија имаше едно такво нелегално баш кај што вршат откуп за поголема цифра во овие легалните е минимално ...
Кажав 3000 кога не знаев за каква гривна станува збор , за оваа си кажав 1500-2000.Нека ја продаде па ке каже.Имам продавано 2 такви гривни, 5 прирзоци тенки ко лист за ланчиља и 2 златни прстени тенки , па ми фатија 8500.
Грам е од 900-1200 ден, зависи каде во Чаршија, обично 1000ка даваат. Нема врска дали е скината или нешто фали, секако ги леат и прават нешто др.
Земав патики од Outlet во Борис Трајковски, таму кога ги пробував ми беа добри ама сега некако ме стегаат... дали може да се заменат (нормално со фискална сметка и др.)
Имам дигитален апарат Никон и не ми работи. Престана да се отвора (објективот, или како и да се вика) Кога ќе го уклучам ми се појавува со црвени букви Lens error. Колку чини поправка ? И дали може да се поправи? Не знам кај да го однесам.. Не е под гаранција, оддамна е купен..се покажа предобар, ама еве сега случајно видов дека не е во ред..