Значи ако имате злато не го продавајте. Тие сите се преваранти!!! Сега отиде таа мајката на другарками и и рекле дека гривничката не е златна туку позлатена и и понудиле 800 денари .... !! Ах преваранти.
Криво ми е затоа што маж и жена се а жената ми дава 1350 а мажот се противи и викал не е златно господе боже..
@SnowQueen17 Сама ли беше мајката на другарка ти или и ти беше со нејзе. Ако она била сама, може те лаже, може сака помалку пари да ти даде и сака да си задржи и за нејзе. Ако сте биле заедно и тој мажот ви рекол така, одете кога ќе биде на смена жената што ви дава повеќе пари.
Сама била и неверувам да ме лаже, а инаку жената и мажот биле заедно оваа жената велела златно е овој ама не е златно позлатено е и нудел само 800 денари. Срам да им е.
@SnowQueen17 Јас би ти препорачала да одиш и ти со мајката на другарка ти, зашто не треба да бидеш толку сигурна во никој, немој толку слепо да веруваш во никој. И само една ли златара имате во градот?
Можеш и на Paint. Нели има една опција да направиш круг, коцка... Ќе стиснеш на пример да направиш коцка само ти ќе ја направиш помала во висина поголема во дебелина и тоа е тоа после врз неа можеш текст да ставиш...
Девојки ај ве молам помогнете ми. Многу почнаа да ми паѓаат трепкиве,секое почешување на окото ми паѓа по некоја трепка. А ако ставам маскара,па после маки не видени сум...Мислам дека ако продолжит вака ќе си останам без трепки. Инаку имам ретки трепки... Ако имат лек некој кажувајте,ќе ви бида вечно благодарна.
Не знам колку ќе ти бидам од помош,ама и јас порано имав опаѓање на трепките и ми беа многу ретки,и се мачкав со рицинусово масло,значи не дека сега ми се нешто вауу густи ,ама барем не се проретчуваат веќе,пробај и ти ако не делува побарај совет од стручно лице. П.С во шишенце од стара маскара го истурив рицинусовото масло,пред тоа добро го измив шишето и со четката си нанесвав на трепки,малку е гадничко дека е мрсно може да ти влези во окото ама ќе внимаваш нема да ставаш по многу..
@x.Daisy.x на Рузвелтова како шо ми кажа @Butterfly.girl5 само не во Хера, поинаку се викаше оваа книжарница, одма неколку продавници подолу од Фуд Хаус е.
Јас најчесто купувам од Галафарм или Фитофарм, знаеме дека колку толку од овие фирми има квалитетни работи,не верувам дека се 100 % чисти масла,ама пак делуваат како корисни,не се па од оние ептен фушарските од 40-50 денари од непроверени фирми како Danai и сличните од тој тип
Луѓе да ве прашам.Од овие скопските бутици Бершика,Њујоркер може да се порачува онлајн?Пошто сакам да си купам нешто,но не сум од Скопје.
Да не знае некој до колку работи денеска спортскана продавница на плоштад под OVS, до ГТЦ одма што е, порано Најк што беше?