Баш ми е жал, јас имам принтано таму и после 4 во сабота, можеби во летниот период имаат скратено работно време.
Не е во центар но да кажам. Спрото Студентскиот дом Гоце Делчев има фотокопирница работи 24/7, и мене ми е далеку но многу пати ми се нашла во право време П.с дали знаете дали работи планетариумот во скопје? Контакт број, информации за слично астрономско друштво? Сакам внукот да си го однесам на еден таков разговор, уверена сум дека ќе се воодушеви...фала ви
@kjukli да и во недела работи, ти велам 24/7 ...дури ми се чини единствени се во скопје со тоа работно време. Сега видов имам визит карта, но се сеќавам девојчето ми кажа тогаш мобилниот им го украле и др број имале... Еве меил ако ти заврши работа simonanetkopi@gmail.com
Еве ова може ќе ви помогне...мислам за да не се отвараат нови теми за џабе.А и Рејнбоу ќе ве кара http://forum.femina.mk/threads/Ваша-Е-библиотека.23676/ @toogood @ninja35
Гледам на интернет обувки и во описот е зададена висина на штикла 8.5цм. Штиклата од внатрешниот дел е за 1-2 цм пократка од надворешниот дел па сакав да бидам сигурна во врска овие 8.5цм. Да не излезе на крај дека се многу високи за преку ден. Според мене ова 8.5 се однесува на надворешната, подолгата страна. Во право ли сум?
Дечки како да спуштам видео од јутјуб? некоја посигурна програма без вируси можда знаете? мп3 формат спуштам преку јутуб конвентор,ама ме интересира како можам и со видео
@danichap јас знам дека штиклата се мери одвнатре, барем така ми има кажано еден чевлар, така било правилно. Е сега, мислам дека скоро сите ја мерат штиклата однадвор. Најубаво ти е ако имаш опција да го прашаш селерот. @Rama јас користам програм RealPlayer и на клипот на youtube, во горниот десен агол се појавува како реклама, таму кликаш и се спушта целиот клип.
@danichap Јас мислам од надвор дека е, но гуглав сега има некои што мерат од средина, ама поголем дел па од надворешна страна ја земаат висината.