Би скала да ве прашам нешто во врска со турскиве серии! Серија немам гледано одамна.Последна што ја гледав беше Величествениот ама не последните сезони....и еве сеа случајно на Тв Алфа почнав да гледам една серија и многу ми се допадна. Се работи за Аманет, односно Hayat Agaci , така се вика на турски. Прашањето ми беше... Дали знаете некои веб станици да на кои можем да ја гледам онлине оваа серија?? Ја барав на natabanu.com ама ја немаше! Поздрав имајте убав ден
"Академска книга" во Скопје некој да не знае каде точно се наоѓа, некако на мапата на страната не се снајдов баш
trademark e toa ili zastiten znak deka toj proizvod se razlikuva od drugite (slicni na nego) ne e kopija i so toa moze da se zastiti, da ne bide kopiran
Импланти се вградуваат во повеќе клиники кај нас. Бидејќи станува збор за естетска корекција тоа се наплаќа приватно. На клиникс за пластична и реконструктивна хирургија исто се извршува а цената можеш да ја видиш на нивниот веб сајт ( има ценовник и контакт информации па можеш да се јавиш да прашаш) Во контелст на ова, што е со Телма на мах tv? Останатите оператори ја имаат ли?
Не знам дали ја најде, ама се наоѓа во Градски Ѕид, во редот спроти Лотарија на Македонија. Во нејзина близина има Космо Тинекс ако не сум грешка. Од Беко полициската станица одиш право према Собрание, по тротоарот пред зградите, ќе ја најдеш одма.
Секаде каде што продаваат претпоставувам. Пример појди во сетек ако продаваат фотоапарат од бренд како твојот прашај ги ќе ти кажат каде ќе најдеш сервисер за истиот, не мора таму да е купен. Ако е самсунг фотоапарат видео дата се сервисери за тој бренд. ----> дечко ми е во план нова кола викендов да си купи, дајте ми предлог за некој подарок за во автомобил? Нешто што ќе одговара за во кола а да не е освежувач за воздух или слично. Благодарам
мхм. Фала ти. Инаку за ова што го пиша, мојот бивш најдобар другар во колата има срце кое виси нели од кај ретровизорот и на него пишува " Voli te tvoja Maca" . Па ми текна одма на ова.. Можеш да му купиш исто срценце некое со убав текст..како ТЕ САКАМ ..и речи му ..еве да знаеш кој те сака најмногу Или оние кои се продаваат како боксерски ракавици со фудбалски клуб..не знам кој му е омилен..можеш тоа.. ова се само мои идеи..ти си го знаеш што сака
@male а да свратиш до АутоЛидер (или ако има слични продавници само за аксесоари за коли не знам) и да си погледнеш. Мојов пример мене не ме трпи што закачувам глупости а не па да му закачам мече или срце (зависи од човекот) АутоЛидер е најдобра снабдена продавница за аксесоари (еве нека предложи некој друг ако има и други слични) и можеш буквално се да најдеш, од привезоци, парфеми, аларм системи, клучеви и слично до седишта и гуми и огромна е имаат многу убав избор Се надевам помогнав
здраво Дали некој знае каде може да најдам Гинко чај што е за помнење и концентрација ?? Поминав низ аптеките во мојот град го немаше ... каде може да го набавам ?
@Candid е баш таков калибар на продавница барав, како што гледам адреса Цветан Димов е, малку далеку ми е, ама за љубовта ќе одам Инаку не верувам дека ќе сака некои дрангулии во кола, на ретровизор само крст си закачува бидејќи верува во Бога и тоа му е од значење,а јас не сакам да го променам тој дел, немам ни право Мислев држач за мобилен, некој интересен освежувач со штипка кај климата со интересен натпис, држач за наочари, нешто што ќе му потрае Фала ти најмногу на целиот свет за продавницата ќе ви кажам што сум одбрала