Луѓе,на T-home бројот за техничка поддршка е 122,само што фиксниот не ми е функционален,што префикс ми треба за да ѕвонам од мобилен,или не бива?
Девојки, денес дојде еден дечко на врата и се претстави како Филип од некоја агенција(се' мислам дека маркетинг рече) исос или така нешто и е името и рече дека прави анкета за непријавување на работниците и сл. и дали може да ја ме праша неколку прашања. јас потврдив незнаејќи дека ќе биде подолго па ми рече дали може да влезе внатре. бев со дечко ми, па му рече дека со него ќе ја прави анкетата, постави некои прашања на темата кои ги внесуваше на таблет и на крај праша за име и презиме и број(иако претходно рече дека е анонимно) и кога му рековме нели анонимно рече не грижете се ова е само за да ви се јават да ве прашаат дали си дошол. е сега мене ме загрижува зошто не праша за име и презиме, дали може тоа да ми направи некаков проблем при вработување, бидејќи затоа се работеше...можеби без потреба се грижам, ама незнам да си прашам можеби и кај вас дошол?
Ич да не се секираш, другарка моја работеше во ипсос (така се вика агенцијата). Прават телефонски и теренски анкети и навистина податоците им се за проверка од страна на нарачателот на анкетата. Пример рандом на неколку од анкетираните ќе им се јават да проверат дали навистина се анкетирани, пошто нели постои можност да ја лажираш анкетата, а они се приморани за одреден број на анкети во денот. Пак ќе кажам, уживај си
Ако некоја од вас работи во средно училиште или на факултет, ќе може да ми пише ЛП? Сакам да прашам нешто.
Прилично сум сигурна дека не е. Колку што ми е мене познато, само за Бели ноќи е бесплатно, и тоа само во одреден временски период. Денес ти е само неделен/празничен возен ред.
Ако не ти е многу голем проблем, оди и провери лично. Можно е да е готова, а од друга страна одмори беа па...
Мене никогаш не ми пишале порака дека ми се готови пасошот, личната карта или возачката. Оди и земи си ја, готова ти е 100 %.
Би ги замолила сите кои сте од Битола или околината на Битола.да ми кажете каде има врба што расте високо не.жална врба туку висока врба.