@marijaaxl На гугл ми дава слики од овие кога ги пребарувам како fimo (polymer)necklace. Веројатно тоа бараш @nadja29 Сериозно ова фЛизура?
Девојки ми треба помош,од тие што имаат бебуш домче не знам дали е ова добро одбрана тема за овој пост но еве ќе пишам.... потребни ми се теглички од кашички за бебиња, од малите транспарентни што се, не од ноќните кафени...околу 20-30 ако може и повеќе... Ве замолувам вас што сте во можност да ми помогнете кој колку може па полека ќе ги соберам. Имам време два месеца, што значи не ми е ептен итно. Доколку некој сака да ми помогне нека ми пише пп фала ви најмногу
Дали некоја принтала маица спроти Бисер или кај кулата кај зелено пазарче? (ако се' уште постојат тие) Ме интересира која цена е отприлика и дали сте задоволни.
Кај зелено пазарче за другарка принтавме, мислам дека 500 плативме со нивна маица, ама не сум сигурна.Знам се оставаше капар, 200 ден, а остатокот кога ќе ја земаш. Задоволни сме како испадна принтаното,а и таа задоволна е од квалитетот на маицата.
И јас кај зелено пазарче имам правено чашка-300, навлака за перничка печатев 200 и боденце бебешко 200. Задоволна сум од квалитетот, боите немаат мрднато
Гледав на тв за овие 3Д пенкалата што се.Е сега,дали некаде во Битолава има место кај шо се продаваат вакви 3Д пенкала или такво нешто во Македонијава аш бубата нема?
Пред 10тина мин. телефонот ми падна во вода, не стоеше многу, помалку од минутка негде, одма го расклопив, извадив батерија, картичка, мемориска, и со фен го засушив и сега изгледа сув. Кога да пробам да го уклучам и дали мислите дека ќе има последици некои?
Стави го во тегла со ориз и остави го да стои така 10-12 часа. Оризот ќе ја собере целата влага од телефонот. Не го уклучувај ако не е апсолутно сув.
@kiki4kablondy хиперманган се купува во кристална состојба и се раствара во вода. Се користи за дезинфекција, црвенило и чешање, а и за рани и исекотини.
Дали Ентернет сеуште работи? Ако не, има ли слично место во Скопје каде можеш да си изнајмиш соба и да се гледаат филмчиња ?